Достапни линкови

Пожарите не се палат сами, луѓето ги палат


Илустрација.
Илустрација.

Досегашното искуство говори дека 90 отсто од пожарите се резултат на човечко невнимание или намерно подметнување, вели портпаролката на Центарот за управување со кризи Надица В'чкова.

Луѓето се одговорни за поголем дел од пожарите кои избиваат низ земјава, велат познавачите. Портпаролката на Центарот за управување со кризи Надица В'чкова вели дека на територијата на земјава активни се неколку пожари
Најчесто пожарите се појавуваат како последица на човечки фактор. Досегашното искуство говори дека 90 отсто од пожарите се резултат на човечко невнимание или намерно подметнување.
Надица В'чкова, портпаролката на Центарот за управување со кризи.

Илустрација.
Илустрација.
„Пожарот над Струмица на местото викано Двата Пата е ставен под контрола и нема активно горење. На овој пожар од утрово интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица од Струмица, Шумското стопанство Беласица, Јавното комунално претпријатие Комуналец и Шумското стопанство Бор од Кавадарци. Пожарот меѓу селата Љубојно и Долно Дупени синоќа беше реактивиран. Опасноста пожарот да ги зафати куќите во селото Долно Дупени во текот на ноќта е надмината.“

Најчесто пожарите ги предизвикуваат луѓето, вели В'чкова.
Во дадени моменти, од преголема исцрпеност, може да дојде до мала колидрација на нашите колеги, но тој сегмент не е попречување на извршување на работните задачи.
Благоја Менковски, началник на бригадата за заштита од пожари.

„Најчесто пожарите се појавуваат како последица на човечки фактор. Досегашното искуство говори дека 90 отсто од пожарите се резултат на човечко невнимание или намерно подметнување.“

Началникот на бригадата за заштита од пожари Благоја Менковски вели дека во текот на викендот се интервенирало на повеќе локации.

„Бригадата професионално и навремено имаше 30 интервенции. Тие беа од различен вид, од сува трева, стрниште, мешана шума, дабова шума и во тој сегмент комплетно си ги завршивме своите работни задачи.“

Опременоста е во граници на нормалата, вели Менковски.

„Во делот на опременоста да, во граници на нормалата, она што треба да бидеме опремени сме заштитени, но иако се големи температури во дадени моменти, од преголема исцрпеност, може да дојде до мала колидрација на нашите колеги, но тој сегмент не е попречување на извршување на работните задачи. Значи досега комплетно се справуваме со огнените стихии и во дадена ситуација што и да се случи навремено одиме.“

Инаку, во валандовско сè уште се активни, но со помал интензитет, двата пожари кои избувнаа во попладневните часови во атарот на селата Казандол и Дедели. Под контрола е ставен и пожарот кај село Нивичино.
XS
SM
MD
LG