Достапни линкови

Неделен печат - Лавовите можат повеќе од розите


Дворски интриги, пренатрупана администрација, гасификацијa по кој ти знае кој пат, економски проблеми, се дел од темите за кои анализираат неделниците.

Неделникот Фокус има интригирачка насловна страница со прашање: „Дали Сашо Мијалков му врти грб на Никола Груевски? - моќниот братучед не се вклучил во кампањата против Црвенковски“. Но да ги оставиме дворските интриги на нивните актери.
Економијата во Македонија е заложник на една политика, чија цел е под еден државен чадор да биде згрижено се' што прилега на партиски член. За жал тоа не е политика само на ВМРО, туку е дел од општата политичка култура, што овде ја воспостави СДСМ. А, дека лавовите секогаш можат повеќе од од розите, тоа веќе им е јасно на сите. Така е и со вработувањето во администрацијата!.
Фокус.

Фокус - администрацијата конечно ќе ја скршат кичмата на подвитканата економија
Мапа на гасоводот Јужен тек.
Мапа на гасоводот Јужен тек.

Повеќе од интригирачка е статијата со наслов: „Земја на бирократи - новите 50 илјади луѓе во администрацијата конечно ќе ја скршат кичмата на подвитканата економија!“. Со една симпатична вицкасто-иронична порака под фотографијата на видни луѓе од врвот на власта: „Не се секирајте, ќе има за сите“, авторот на текстот тврди дека економијата во Македонија е заложник на една политика, чија цел е под еден државен чадор да биде згрижено се' што прилега на партиски член. За жал, пишува Фокус, тоа не е политика само на ВМРО, туку е дел од општата политичка култура, што овде ја воспостави СДСМ. А, дека лавовите секогаш можат повеќе од од розите, тоа веќе им е јасно на сите. Така е и со вработувањето во администрацијата! - заклучува Фокус.

Глобус-Русија „лови“ таму каде има разочараност од Вашингтон и Брисел
Наместо реформи што ќе ја препородат домашната економија, Владата и опозициските партии се натпреваруваат со мерки наменети за пензионерите и социјално загрозените луѓе.
Капитал.

Кога човек чита со отворен ум, многу текстови му се чинат интригирачки. Но да ги оставиме двете постојани колумни во најновиот Глобус- „Од дистанца“ и „Офаманаман“ што тераат на размислување и кои се еден вид ламентации на нашата судбинска „мана“ да живееме со и за историјата. „Московското две во едно“ е насловот на статијата во која се отвора една друга тема, а имено, дека Русија со подеднаква концентрираност влегува во фаќањето во својата мрежа на „преродената Србија“ со Николиќ и Динкиќ, како и на нашите „преродбеници“ кои се разочарани од Вашингтон и Брисел. Изградбата на приклучокот за новиот интерконтинентален гасовод „Јужен тек“ пишува Глобус, кај нас е навистина трошена приказна повеќе години, повеќе во политички цели отколку со реални чекори кои би ни донесле економска благодет. Некои аналитичари пресметале дека Ставревски како вицепремиер го посетил главниот град на Русија 14 пати за овој проект со цел да го врзе нашето барање за старото клириншко пребивање со рускиот интерес за инвестиции. И, јасно, дури откако нашите шанси на планот за вклучување во НАТО и ЕУ по којзнае кој пат се неуспешни, се создадоа услови големиот руски брат да има некаков реален интерес и во земјава, убеден дека нашиот брод талка се' подалеку од американско-европското море.

Капитал - На економијата и треба ремонт

Економскиот магазин Капитал тврди дека на економијата и' треба ремонт. Економистите коментираат дека, заклучува неделникот, наместо реформи што ќе ја препородат домашната економија и ќе им помогнат на компаниите полесно да се справат со најтешката криза досега, и кои сега се повеќе популистички, а помалку реформски, Владата и опозициските партии се натпреваруваат со мерки наменети за пензионерите и социјално загрозените луѓе, со цел во пресрет на локалните избори да го подобрат сопствениот рејтинг.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG