Достапни линкови

Традиционална храна за развој на туризмот


Mанифестацијата „Избор на најдобрата мавровско–реканска пита“, која се одржува во рамките на „Реканското културно лето“ во општина Маврово-Ростуше.
Mанифестацијата „Избор на најдобрата мавровско–реканска пита“, која се одржува во рамките на „Реканското културно лето“ во општина Маврово-Ростуше.

Во рамките на „Реканското културно лето“ се одржа манифестацијата „Избор на најдобрата мавровско–реканска пита“. Настанот има за цел да ги промовира традиционалните јадења со кои се дава голем придонес на развојот на туризмот во реканскиот регион.

Во општина Маврово–Ростуше се организираат многубројни активности со кои се промовира туризмот. Покрај бројните убавини што ги има во Маврово и областа Река, туристите покажуваат голем интерес и за традиционалната храна која го карактеризира овој регион.
Негувањето на традиционалната храна кај нас претставува богатство кое со векови се гаело и се надградувало. Поради тоа и Манифестацијата, која е дел од Реканското културно лето е негување на таа традиција и збогатување на истата. Кога доаѓаат гости овде кај нас, секогаш тие бараат автентична домашна храна.
Мукрем Мехмеди, градоначалник на општина Маврово–Ростуше.

Во селските населби по долината на реката Радика, населението секогаш подготвувало вкусни јадења кои биле и сè уште се интересни за туристите. Токму поради тоа, бројните туристички објекти ги имаат како специјалитети традиционалните јадења.
Село Јанче, општина Маврово-Ростуше.
Село Јанче, општина Маврово-Ростуше.

И манифестацијата „Избор на најдобрата мавровско–реканска пита“, која се одржува во рамките на „Реканското културно лето“, има за цел да ги промовира традиционалните јадења со кои се дава голем придонес на развојот на туризмот во овој регион, оценува градоначалникот на општина Маврово–Ростуше Мукрем Мехмеди.
Традиционалните јадења го зголемуваат бројот на туристите во регионот на Река. Особено се битни и вкусовите на храната. Така има посебни вкусови компирот, краставицата, патлиџанот и друго, бидејќи овде средината е чиста и нема индустриски објект во радиус од над 100 километри.
Тефик Тефикоски, угостител од долнореканското село Јанче, сопственик на хотелот „Туто“.

„Негувањето на традиционалната храна кај нас претставува богатство кое со векови се гаело и се надградувало. Поради тоа и Манифестацијата, која е дел од Реканското културно лето е негување на таа традиција и збогатување на истата. Кога доаѓаат гости овде кај нас, секогаш тие бараат автентична домашна храна.“

Домаќинките од село Јанче и ова лето понудија најдобри јадења на манифестацијата, а победник по втор пат беше Нихада Адеми.

„Питата која ја имав јас се подготвува со брашно и вода. Корите се сукаат, се притегнуваат, на нив се ставаат ореви и тоа на три кори за да потоа питата не потемни. Таа се пече на тивко. Инаку, како домаќинка, знам многу убаво да подготвувам и алаландики, потоа кораник, сарајлија и повеќе видови пити од бело и пченкарно брашно“, вели Адеми.

Познатиот угостител од долнореканското село Јанче, Тефик Тефикоски, сопственик на хотелот „Туто“ каде се служи само традиционална храна, вели дека покрај убавините на Река, туристите од земјава и странство во овој регион престојуваат и поради вкусот на убавата традиционална храна.

„Традиционалните јадења го зголемуваат бројот на туристите во регионот на Река. Особено се битни и вкусовите на храната. Така има посебни вкусови компирот, краставицата, патлиџанот и друго, бидејќи овде средината е чиста и нема индустриски објект во радиус од над 100 километри“, вели Тефикоски.

Локалната власт на општина Маврово–Ростуше и угостителите имаат стратегија за развој на туризмот, во која посебно место има и промовирањето на традиционалната храна.
XS
SM
MD
LG