Достапни линкови

Разликите зад нив, Груевски пред нив


Лидерите на СДСМ и на ВМРО Народна партија, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски, на денешната средба се согласија разликите и несогласувањата да ги остават зад нив и да вложат напори да стават крај на, како што велат, погубната политика на Груевски.

Македонија денеска е пред тежок предизвик исто како во 1991 и во 2001-та, состојбите во многу области се катастрофални, државата се движи во погрешна насока и затоа чувствуваме заедничка обврска да направиме се државата да се врати во нормален колосек, изјави лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски по денешната средба со Љубчо Георгиевски. Тој изјави дека помеѓу нив имало и има разлики, но да се изведе Македонија на вистинскиот пат е тоа што ги поврзува.
За Тодор Александров имаме разлики во гледањата, но што е поважно за Никола Груевски и за неговата политика немаме разлики. За Македонија тоа е клучното прашање. За погубната политика на Никола Груевски немаме разлики.
Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.

„За Тодор Александров имаме разлики во гледањата, но што е поважно за Никола Груевски и за неговата политика немаме разлики. За Македонија тоа е клучното прашање. За погубната политика на Никола Груевски немаме разлики.“

Да имаше почесто вакви средби во минатото, верувам дека Македонија ќе беше една поуспешна земја, рече Георгиевски.

Во овој момент како политичари со некое искуство кое некои луѓе сакаат да ни го потценат, да ни го земат, да ни го злоупотребат, навистина цениме дека Македонија, а тоа е многу пострашно за Македонија од тоа да не заборавиме на некои стари односи и стари кавги.
Љубчо Георгиевски, ВМРО Народна Партија.
„Самиот факт што сме спремни да оставиме многу од тие разлики зад нас доволно зборува дека навистина сме загрижени за состојбите во кои се наоѓа Македонија, а дека е тоа така во текот на соработката ќе дадеме многу докази за да ја увериме македонската јавност дека навистина во овој момент како политичари со некое искуство кое некои луѓе сакаат да ни го потценат, да ни го земат, да ни го злоупотребат, навистина цениме дека Македонија, а тоа е многу пострашно за Македонија од тоа да не заборавиме на некои стари односи и стари кавги.“

Денешната средба им беше прва, најавија дека планираат да ги интензивираат средбите. И на денешната како и на претходните средби со ЛДП, со Обединети за Македонија и со Достоинство, никој не постави услови и немаше уценувања, изјави Црвенковски.

На прашањето дали на политичката сцена недостасуваат дуели меѓу политичките лидери, како оние од нивно време, Црвенковски одговори:

„Ние сме биле жестоки политички противници, сме седнувале на ТВ дуели за кои и ден денеска се разговара и се споменуваат, за жал меѓу другото што во овие шест години и нема што да се споменува.“

Георгиевски рече дека политичките судири меѓу него и Црвенковски заземаат посебно место во историјата на македонската демократија.

Засега не станало збор за тоа како би се реализирал евентуален заеднички настап на избори. Велат дека за тоа допрва ќе се разговара. Засега само се согласиле да вложат напори да стават крај на, како што велат, погубната политика на Груевски.

Кога власта е во прашање, недоразбирањата се ставаат под тепих, навредите се забораваат, идеолошките разлики се пеглаат и биднува соработка, рекоа пред средбата упатените „во ликот и делото“ на Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски. Во политиката е дозволено сè, па и предизборен флерт меѓу луѓе кои кога зборуваа еден за друг не штедеа на навреди за наркоманија, алкохолизам или за психијатриски дијагнози.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG