Достапни линкови

До соживот со меѓуетничка интеграција во образованието


Стартува проектот на УСИАД за меѓуетничка интеграција во образованието во десет училишта во Македонија.

Во десет основни и средни училишта во Македонија ќе стартува проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Целта на проектот е надминување на етничките разлики меѓу децата, градење на подобар соживот и подобрување на средината во која учат младите со реновирање на просторот, потоа обуки за разновидност, техничка помош и стимул на училиштата. За проектот аплицирале 100 училишта од кои половина биле од руралните средини. Овој проект чини 5,2 милиони долари и е кофинансиран од УСАИД и Европската команда на американската војска.
Со проектот во образовните институции ќе се спроведат активности кои го рефлектираат мултикултурниот дух со кој наставниците и родителите ќе ги учат децата да ги почитуваат другите култури, религии, јазици и ентитети. Почитта кон различноста е клучно за градење на социјална и интеретничка кохезија во целата земја.
Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.

Проектот ќе се реализира во следниве 4 години и со него ќе биде опфатено информирање на јавноста и заедниците, градење на капацитети кај раководството и наставниците во училиштата, креирање модел училишта и обезбедување стимул за училиштата и локалните заедници.

Американскиот амбасадор во Скопје Пол Волерс изјави дека САД и понатаму ќе продолжи со поддршка на проектите кои промовираат и негуваат мултиетничност, почитување на религијата, културата и јазикот на другиот.

„Со проектот во образовните институции ќе се спроведат активности кои го рефлектираат мултикултурниот дух со кој наставниците и родителите ќе ги учат децата да ги почитуваат другите култури, религии, јазици и ентитети. Почитта кон различноста е клучно за градење на социјална и интеретничка кохезија во целата земја.“
Главната потреба за спроведување на еден ваков проект е взаемно запознавање на децата од различните заедници од најмала возраст. Но ова никако не подразбира еднострано познавање, односно треба повеќе да знаеме за другиот, но не само едниот да знае за другиот, тоа треба да биде взаемно.
Муса Џафери, вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери изјави дека е уверен оти проектот ќе ја постигне целта за меѓусебно запознавање во мултиетничко и мултикултурно општество само доколку интеграцијата биде взаемна, а не еднострана.

„Главната потреба за спроведување на еден ваков проект е взаемно запознавање на децата од различните заедници од најмала возраст. Но ова никако не подразбира еднострано познавање, односно треба повеќе да знаеме за другиот, но не само едниот да знае за другиот, тоа треба да биде взаемно.“

Министерот за образование Панче Кралев смета дека земјава е подготвена да ги надмине сите предизвици за интеграција на различните културни групи во општеството, а тоа може да се направи токму преку образованието.

„Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието веќе чекори сигурно кон постигнување токму на таа цел - преку планираните активности обезбедување поддршка за училишните одбори, администратори, наставници, ученици, но и преку реновирањето на училиштата.“

Раководителот на проектот Небојша Мојсовски изјави дека со овој проект ќе се подобрат условите во образованието, а воедно и ќе помогне во градење на подобар соживот во земјава.

Во проектот се вклучени училишта од Тетово, Битола, Демир Хисар, Ресен, Струмица и од општините Чаир, Бутел и Боговиње, кои ќе добијат парична помош за реновирање и подобрување на нивните наставни услови
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG