Достапни линкови

Година по изборите - уметност на невозможното


Премиерот Никола Груевски.
Премиерот Никола Груевски.

На полето на евроинтеграциите добивме препорака, но не и датум за почеток на преговори. Хашкиот суд пресуди во македонска корист, но тоа не резултираше со приeм на земјата во НАТО. На полето на економијата ни се заканува рецесија, а долгот на државата се зголемува.

Се наближува една година од парламентарните избори на кои коалицијата ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ си ја потврди својата позиција. Откако пред шест години Никола Груевски дојде на премиерската функција, во Македонија се случија многу работи. Тој приреди една уметност на владеење досега невидена во оваа земја.
Секоја влада и секоја власт што доаѓа, тоа е нешто ужасно, од бетер побетер доаѓаат, ова партиите немаат милост.
Анкетиран граѓанин.

Груевски може да се види на сите страни, како сече црвена лента, игра кошарка, дава совети за каква боја да е оградата на мостот, во лов на инвестиции. Па оттука и вицот кој се раскажува дека Груевски уште малку ќе се појавува и на отварање на чоколадо. Но, за битни теми премиерот никаде го нема, не излегува на дебати, гостува само на телевизии за кои тој мисли дека се подобни, не одговара на прашања за кои тој мисли дека новинарите се потплатени од опозицијата тоа да го прашуваат. Можеби не гасне пожари и не лови тигри како Путин, но има време.

Невработеноста и сиромаштијата се на рекордно високо ново. Стандардот на граѓаните од ден во ден се повеќе оди надолу. Стопанството се гуши во неликвидност, индустриското производство опаѓа. Вкупната задолженост на земјата радикално се зголемува, а истовремено непродуктивните трошења на владата не запираат. Владата на ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжува со истите погрешни политики не водејќи сметка за погубните последици кои ги предизвикува.
Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.
А и министрите не заостануваат, а богами ни градоначалниците. А според документот што деновиве циркулираше на социјалните мрежи, партиските кадри имаат и нови задолженија - да играат шах со пензионерите, да посетуваат старечки домови, да играат фудбал со војниците, да гаснат пожари, да не патуваат во странство, да не купуваат коли, да не одат во кафеани каде би се демонстрирало некоректно однесување. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ негират дека документот е нивен.
Велосипедист поминува покрај постери на владеачката партија за предвремените избори.
Велосипедист поминува покрај постери на владеачката партија за предвремените избори.

Една година е доволно да се сумираат резултатите, уште повеќе ако се земе предвид дека оваа гарнитура безмалку, барем на клучните позиции е иста веќе неколку години.

За опозицијата од лошо полошо, за власта - подобро отколку во времето на СДСМ

Република Македонија се соочува со катастрофали состојби буквално во сите сфери од општественото живеење, оценува претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Власата што ја има во моментов ВМРО-ДМПНЕ е најодговорна, власта ја има освоено за да се спроведуваат одговорни политики. Треба тие малку да заборават на своето его и да бидат одговорни, наместо да се препукуваат.
Ивица Јосифовиќ, универзитетски професор.

„Невработеноста и сиромаштијата се на рекордно високо ново. Стандардот на граѓаните од ден во ден се повеќе оди надолу. Стопанството се гуши во неликвидност, индустриското производство опаѓа. Вкупната задолженост на земјата радикално се зголемува, а истовремено непродуктивните трошења на владата не запираат. Владата на ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжува со истите погрешни политики не водејќи сметка за погубните последици кои ги предизвикува.“

Ноќта на прославата на победата, беше убиено едно момче од припадник на едницата за специјални задачи Тигар. Властите отпрвин се обидоа да го сокријат случајот.
Протест против полициска бруталност.
Протест против полициска бруталност.

Ден по изборите беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски за нелегално финансирање на изборната кампања и за злоупотреба на службената положба.

Неколку медиуми се затворија, а стотици новинари останаа без работа.

Иако подготвуван неколку години, пописот на населението пропадна на само неколку денови пред крајот на попишувањето.
Мандатот не е завршен, народот гласа на четири години. Мислам дека од оваа гледна точка може да се види одговорот дека ние не сме изневериле никого од нашите гласачи затоа што интензивно работевме во овој период, а ќе продолжиме уште поинтензивно да работиме и во наредниот период.
Фатмир Бесими, министер за одбрана.

Македонија го доби извештајот од ЕК за напредокот кон ЕУ. Премерот и се спротивстави на ЕУ, по што следуваа протестни писма од институции, организации и поединци за изоставувањето на придавката „македонски“ од Извештајот. Потоа нешто се размрда на евроинтеграцискиот пат. На сцена стапи дијалог на високо ниво со ЕУ. Дојде Филе, но овојпат беше задоволен.
Премиерот Никола Груевски на средба со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Брисел на 25 јануари 2012 година
Премиерот Никола Груевски на средба со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Брисел на 25 јануари 2012 година

Победивме во Хаг, но сите битни фактори рекоа дека тоа нема да ни помогне за влез во НАТО. И така и бидна, помина самитот во Чикаго, ние останавме надвор од Алијансата. А Груевски во предвечерието на Самитот, преку МИА распали и по НАТО и по „дволичните“ пријатели. Сума сумарум – се уште сме надвор од НАТО и од ЕУ. Пречка се знае дека е името, но нашите власти се жалат дека нема влада во Грција за да се преговара за решение.

Без решение на спорот, без членството во НАТО и ЕУ, сето она што во моментов се случува на политичката сцена во Македонија, не треба да се случува, вели професорот Ивица Јосифовиќ.
Ние сме во некаква навивачка атмосфера, секој си има своја определена партија и навива за неа и некој и да чини и да не чини тој ќе гласа за него.
Анкетиран граѓанин.

„Власта што ја има во моментов ВМРО-ДМПНЕ е најодговорна, власта ја има освоено за да се спроведуваат одговорни политики. Треба тие малку да заборават на своето его и да бидат одговорни, наместо да се препукуваат.“

Но, министерот за одбрана Фатмир Бесими, смета дека не изневериле никого од гласачите, затоа што интензивно работат на зачленување на Македонија во НАТО.

„Мандатот не е завршен, народот гласа на четири години. Мислам дека од оваа гледна точка може да се види одговорот дека ние не сме изневериле никого од нашите гласачи затоа што интензивно работевме во овој период, а ќе продолжиме уште поинтензивно да работиме и во наредниот период.“

Лустрација, стагнација, Воини и Детонатори
Тоа се стандардни критики што и во минатите години Стејт департментот ги дава за земјите од целиот регион. Ако ги прочитате извештаите за целиот регион ќе видите дека горе доле има едни стандардни предизвици, ако така може да се каже. Ние работиме секојдневно на подобрување на сите делови за кои има предизвици и можности за подобрување и така ќе продолжиме и во иднина.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

На внатрешен план, пак, се ловат криминалци, се случи Детонатор, никнуваат споменици, опозицијата се обединува со месеци, а дел од партиите кои се изродија од ВМРО-ДПМНЕ, пак и се вратија. Се одбележаа 10 години од Рамковниот договор, 20 години независност. Собранието ги амнестираше Хашките случаи. Продолжија задолжувањата, се пуштаа во употреба економски зони, се отвораа тениски игралишта, се ловеа „бубашваби“ по болници, скопјани добија нови автобуси, плоштадот доби „Воин на коњ“ и уште по некој споменик, мостовите нови огради, Собранието куполи, пред Министерството за транспорт гордо се исправи Воинот. Лустрацијата се врти во место, а странските инвестции никако да стигнат. Меѓуетничките односи зовриваа на неколку пати, се случи убиството кај Смилковци и протестите кои уследија потоа, а во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ го заплисна новиот бран.

Граѓаните мегу ниските плати и високите споменици
Повеќе имаме тука тенденција да се открие виновникот или да се префрли вината еден на друг, на трет, за да се идентификува кој е главниот виновник за тоа што не снашло и за ситуацијата во која сме.
Алберт Муслиу, аналитичар.

И некаде помеѓу високите сметки и малите плати, граѓаните гледаат во златните коњи во Жена парк. За тоа колку се задоволни од работата на политичарите велат:

„Ние сме во некаква навивачка атмосфера, секој си има своја определена партија и навива за неа и некој и да чини и да не чини тој ќе гласа за него.“

„Политичарите се занесоа, ова е експериментален капитализам без тероризам.“

„Најадени се политичарите, не веруваат дека народот пати.“

„Социјалното прашање не е добро, треба и на луѓето да им дадат да јадат.“

„Секоја влада и секоја власт што доаѓа, тоа е нешто ужасно, од бетер побетер доаѓаат, ова партиите немаат милост.“

Фридом Хаус, Амнести интернејшнал и Стејт департментот излегоа со сериозни критики за состојбата со човековите права и слободата на медиумите во Македонија. Премиерот Груевски, пак, ги оцени забелешките на Стејт департментот како стандардни.
Оптимизмот на Владата дека македонската економија ќе има голем раст во 2012 година се распрсна како меур од сапуница. Сега на сите им е јасно дека македонската економија годинава ќе стагнира. Ваквото однесување на власта станува несериозно во однос на граѓаните и фирмите. Сега е јасно зошто веќе никој не и верува на владата кога зборува за економијата. За секоја прогноза на владата прашање на време е само кога пак ќе се менува, за месец или два.
Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

„Тоа се стандардни критики што и во минатите години Стејт департментот ги дава за земјите од целиот регион. Ако ги прочитате извештаите за целиот регион ќе видите дека горе доле има едни стандардни предизвици, ако така може да се каже. Ние работиме секојдневно на подобрување на сите делови за кои има предизвици и можности за подобрување и така ќе продолжиме и во иднина.“

Македонија знае - преродбата продолжува, Македонија има сила, Заедно можеме повеќе, Резултати сега. Ова се изборните пораки на ВМРО-ДПМНЕ. Во отчетите и во програмите продолжени и надградени ветуваа просперитет, безбедност и сигурност, економски раст, зголемување на домашните и странските инвестиции...

За тоа што Македонија не напредува, опозицијата ја обвинува власта, власта пак за работите кои не испаднале така како што тие планирале си наоѓа дежурни виновници, тоа се де Грција, де економската криза, де меѓународната заедница и се разбира Бранко.

Кај нас владее тенденцијата наместо да се решаваат проблемите, вината да се префрли на некој друг, вели аналитичарот Алберт Муслиу.
Дали зголемивте барем плати и пензии? Ние зголемивме плати, пензии и социјала и субвенции сме зголемиле според вас. Еве зголемивме, а вие дали барем тоа го направивте со тие пари. Кај отидоа тие 150 милиони? Дали некој пат со нив изградивте? Ништо не направивте. Ни пензинерите не ги добија парите, на нив закинувавте, ни земјоделците, ни за социјала. Кај одеа парите во времето на СДСМ и зошто ја задолжувавте земјата.
Зоран Ставрески, министер за финансии.

„Повеќе имаме тука тенденција да се открие виновникот или да се префрли вината еден на друг, на трет, за да се идентификува кој е главниот виновник за тоа што не снашло и за ситуацијата во која сме.“

Македонија се задолжува, буџетот бавно се полни

Можеби останавме пред вратите на ЕУ и на НАТО, ама барем да си го средевме сопственито двор. Првата година од владеењето на старо-новата влада ја одбележаа кризи, зголемување на трошоците за живот, инаетливо држење до високи проекции за економски раст, безпредметно трошење на милиони евра за споменици, за на крај да дојде и ребеланс на буџетот. Се крати од се и сешто, ама пари за реклами никако. А се купува и социјален мир со тоа што не се задира ни во пензиите, ни во платите на администрација.

Јасно е дека розовите очила и невкусната ароганција на Владата веќе не помагаат. Живеачката стана неиздржливо сурова, стравот и неизвесноста што ќе донесе утрешниот ден се огромни и граѓаните се во очај и паника. Поскапувањата и осиромашувањето се толку големи што тоа веќе ниту статистиката не може да го скрие, забележуваат од опозицијата.

„Оптимизмот на Владата дека македонската економија ќе има голем раст во 2012 година се распрсна како меур од сапуница. Сега на сите им е јасно дека македонската економија годинава ќе стагнира. Ваквото однесување на власта станува несериозно во однос на граѓаните и фирмите. Сега е јасно зошто веќе никој не и верува на владата кога зборува за економијата. За секоја прогноза на владата прашање на време е само кога пак ќе се менува, за месец или два“,вели потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски.

Министерот за финсии Зоран Ставрески вели дека ВМРО-ДПМНЕ оствари трипати поголем пораст во услови на светска економска криза, отколку СДСМ во услови на светски економски бум.

„Дали зголемивте барем плати и пензии? Ние зголемивме плати, пензии и социјала и субвенции сме зголемиле според вас. Еве зголемивме, а вие дали барем тоа го направивте со тие пари. Кај отидоа тие 150 милиони? Дали некој пат со нив изградивте? Ништо не направивте. Ни пензинерите не ги добија парите, на нив закинувавте, ни земјоделците, ни за социјала. Кај одеа парите во времето на СДСМ и зошто ја задолжувавте земјата.“

Интерпелацијата на министерот за финасии Ставрески и реблансот на буџетот ги отворија сите актуелни економски проблеми. И некаде во обидите од една страна да се одбрани ребалансот, а од друга да се предочи погрешна политика на трошење на народните пари, пратениците не штедат на зборови.

„Господинот Ставрески знае да наредува да ги бришат невработените од списокот во Заводот за вработување и во Фондот за здравство, за да направи лажен привид дека ги намалува невработените. Господионот Ставрески знае да лаже дека ќе има инвестиции, освен ако не ги брои како инвестиции жалните врби, мостот на реката Вардар од еден милион, спомениците и тн. Ставрески знае да молчи дека ВМРО-ДПМНЕ должи 3,5 милиони евра од кампањата и да ги крие изворите на сретсдвата и должниците“, вели пратеникот Игор Ивановски од СДСМ.

Горан Мисовски од НСДП вели дека Ставрески и власта воопшто не се грижат за иднината на наредните генерации со тоа што премногу ја задолжиле земјата.

„Дали за нашите деца господине министер се грижите на ваков начин што ги задолжувате идните генерации со милијарди и милијарди евра. Кривично дело е да задолжувате идни генерации, господине министер? Кој ви го дал тоа право, моето дете, вашите деца, нашите деца да ги задолжувате на ваков начин како што тоа вие го правите, за да финансирате вакви непродуктивни проекти каков што е Скопје 2014-та.“

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, во одбрана на економската политика.

„Она што го направи господинот Ставрески и Министерството за финансии во услови на светска економска криза и европска должничка криза, за разлика од другите економии и другите влади во Европа е дека не ги намали платите во јавната администрација, не ги намали пензиите, не ги зголеми даноците, не дозволи отпуштање од работа“, вели пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа дали граѓаните се задоволни од власта, се гледа на избори, а ако им се верува на истражувањата на рејтинзите, тогаш владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива најголем рејтинг.

Анкетата на Институтот за политички истражувања спроведена од 25 до 29 мај покажува дека најголем дел од испитаниците одговориле дека за иден премиер на Македонија би го избрале Никола Груевски. Но, она другото што го покажува анкетата е дека е голем бројот на неопределените, односно околу 30 проценти не би гласале за никого.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG