Достапни линкови

Македонски филмови за почеток и крај на „Браќа Манаки“


Дарко Митревски, Роберт Насков, Лабина Митевска.
Дарко Митревски, Роберт Насков, Лабина Митевска.

Прв пат во 33-годишната историја, Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки“ во Битола ќе започне и ќе заврши со премиери на македонски филмови. На 15 септември ќе биде прикажан „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, а недела дена подоцна и „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски.

„Трето полувреме“, третиот долгометражен филм на режисерот Дарко Митревски на 15 септември премиерно ќе биде прикажан на отворањето на 33 Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ што се одржува во Битола. Седум дена подоцна, во Домот на култура, на затворањето на манифестацијата публиката ќе има можност пат да проследи уште едно ново домашно остварување - „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски. Со тоа, прв пат во историјата, два македонски филма, ќе го означат почетокот и крајот на Фестивалот на филмската фотографија.
Пред неколку години заедно со Дарко Митревски од Битола стартувавме со Балканкан, ни донесе голема среќа бидејќи направивме рекорд во гледаност на македонски филм, се надевам дека и овој почеток на прикажување на филмовите и нивна промоција во Битола ќе им донесе исто така среќа на двата филма.
Роберт Насков, продуцент.

Продуцент на обете остварувања е „Кино око“ на Роберт Насков кој вели дека, нему како на филмски професионалец, особено му е драго кога на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ премиерно ќе биде прикажан некој македонски авторски филм.
Лабина Митевска.
Лабина Митевска.

„Пред неколку години заедно со Дарко Митревски од Битола стартувавме со Балканкан, ни донесе голема среќа бидејќи направивме рекорд во гледаност на македонски филм, се надевам дека и овој почеток на прикажување на филмовите и нивна промоција во Битола ќе им донесе исто така среќа на двата филма.“
Манаки тогаш беше една локална мала смотра којашто се одржуваше во многу тешки околности, на секаде во регионот имаше беда, кризи, војни, сега Манаки е голем фестивал, значаен не само за Македонија туку и за регионот.
Дарко Митревски, режисер.

Митревски, режисерот кој по „Збогум на 20 век“ и хит филмот „Балканкан“ од 2005 година со „Трето полувреме“ нуди сторија за Македонија, за фудбалот, љубовта и борбата против фашизмот, откако ќе се потсети дека пред 19 години заедно со Поповски и Срѓан Јанаќиевиќ токму на „Манаки“ дебитирале со „Светло сиво“, вели дека во меѓувреме тие пораснале и остареле, а фестивалот само пораснал.

„Манаки тогаш беше една локална мала смотра којашто се одржуваше во многу тешки околности, на секаде во регионот имаше беда, кризи, војни, сега Манаки е голем фестивал, значаен не само за Македонија туку и за регионот.“

Годинава фестивалот на кој се доделуваат наградите Златна, Сребрена и Бронзена камера 300 и каде паралелно ќе оди детската програма, а ќе има и повеќе придружни активности, работилници и семинари, ќе се одржува под мотото „Продолжи да создаваш“.

За ова Лабина Митевска, која четврта година ја извршува функцијата уметнички директор , вели дека на овој начин тие заедно со креативниот тим на „Футура 2/2“ нудат модерен и возбудлив поглед токму на делото на браќата Манаки како исклучителни творци.

„Тие биле неверојатни креативци, биле бескомпромисни во секоја задача која сакале да ја доловат, биле секогаш први, секогаш на вистинското место и во вистинско време. Денес тие се цврст симбол на сето она што интернационалниот филмски фестивал Браќа Манаки значи.“

Кон ова само уште информацијата дека Фестивалот му се враќа на стариот термин на одржување – средината на септември, а и натаму покровител на манифестацијата што ја потпишува Друштвото на филмските работници на Македонија со помош на Министерството за култура, Филмскиот фонд, град Битола и партнерот – мобилниот оператор ВИП е претседателот Ѓорѓе Иванов.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG