Достапни линкови

Департизација со партиски предлози


Опозицијата обвинува дека новите уставни судии ќе работат по партиски инструкции. За власта, Уставниот суд досега ја дерогирал демократијата.

Не стивнуваат реакциите во јавноста по предложените имиња за судии во Уставниот суд. Едниот предлог на власта е тазе пензионираната обвинителка Елена Гошева. Својата работна кариера ја започнала како приправник во окружното јавно обвинителство, подоцна била стручен соработник, заменик на јавниот обвинител, заменик на вишиот јавен обвинител, па станала претседател на Советот на јавни обвинители до 2010 година, а била негов член до 2012. Постапувала по кривични пријави и предмети.
На луѓе кои веќе исполнуваат услови за одење во пензија им се дава правото да продолжат да работат во Уставниот суд, во една земја во која невработеноста е преголема.
Рухи Бахиу, универзитетски професор.

Понатаму власта го предлага поранешниот судија Никола Ивановски. И тој започнува како приправник во окружниот стопански суд Скопје, потоа бил истражен и извршен судија, извесно време тработел и како адвокат, станал кривичен судија, а од 2008 година тој е член на Советот на јавни обвинители.

Третиот предлог е гостиварскиот адвокат Сали Мурати. Во неговата лична биографија пишува дека кариерата ја започнал како дипломиран правник во Бирото за правни и економски услуги. Од 2005 година, па до денес работи како адвокат. Во своите лични вештини ги вбројува искуството во комуникацијата и работата во мултикултурна околина.
Дали постојните судии на Уставниот суд, тогаш кога биле избрани токму од страна на денешната опозиција, биле избрани по овој клуч.
Рухи Бахиу, универзитетски професор.

Опозицијата обвинува дека предложените кандидати се партиски послушници, односно идеолошки подобни судии, додека, пак, власта тврди дека се вистински професионалци кои ќе ја внесат демократијата во Судот.

Имаме директна најава дека новите судии ќе работат по партиски инструкции, а тоа е тоталитарна, па и фашистичка интенција, рече од собраниската говорница, пратеникот Јани Макрадули. Тој јавно повика еден од кандидатите да се повлече од намерата да стане уставен судија.

„Господине Никола Ивановски, ве повикувам ако имате грам образ веќе денеска поднесете ја оставката и депонирајте ја, зашто овие луѓе очекуваат да ги исполнувате нивните програми“, рече од собраниската говорница, пратеникот Јани Макрадули.

Власта одговори со напад врз досегашната работа на судот, кој беше обвинет дека ги урива проектите од програмата на владејачката парија.

„Беше инструмент за воспоставување на паралелен политички систем во Република Македонија којшто целосно ја дерогираше демократијата“, изјави Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако во Уставот јасно не е прецизиран профилот на уставниот судија, универзитетскиот професор по уставно право Рухи Бахиу смета дека судијата мора да биде искусен и докажан правник во кариерата. Иако предложените кандидати имаат работно искуство, во земја која има голема невработенсот збунува фактот што се кандидираат и пензионери, вели Бахиу.

„На луѓе кои веќе исполнуваат услови за одење во пензија им се дава правото да продолжат да работат во Уставниот суд, во една земја во која невработеноста е преголема.“

Дали со овој избор на судиите кој е извесен, власта се обидува да ја освои превласта и во оваа институција? Бахиу препознава таква намера на владата, но од друга страна посочува дека обидот да се влијае врз одлуките на судот е карактеристика за секоја власт.

„Дали постојните судии на Уставниот суд, тогаш кога биле избрани токму од страна на денешната опозиција, биле избрани по овој клуч“, изјави Бахиу.

Неколкупати досега Уставниот суд поништи одредени владини закони, со образложение дека не се во согласност со Уставот на Република Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG