Достапни линкови

На ВМРО-ДПМНЕ му е потребен цунами


Најавите за смена на вториот и третиот ешалон во ВМРО-ДПМНЕ е само обид на власта да ги скрие слабостите на првите луѓе во партијата, велат аналитичарите со кои разговаравме.

За домашните аналитичари, најавите за нов бран освежувања во владејачката партија кои се однесуваат на смена на вториот и третиот ешалон во партиското раководство се погрешна политика и обид на власта да ги скрие слабостите на првите луѓе во партијата. За разлика од другите демократски општества каде што партиите ги прават промените во првите редови, кај нас е обратно, вели политикологот Соња Стојадиновиќ.
Оваа чистка што ја прави ВМРО-ДПМНЕ под изговорот дека е освежување е само перење на сопствените раце затоа што тие ставија неспособни луѓе. Тие тргнаа од опашката затоа што им е полесно.
Соња Стојадиновиќ, политиколог.

„Оваа чистка што ја прави ВМРО-ДПМНЕ под изговорот дека е освежување е само перење на сопствените раце затоа што тие ставија неспособни луѓе. Тие тргнаа од опашката затоа што им е полесно.“
Архивска фотографија: Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
Архивска фотографија: Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Црвенковски е политичар шпекулант. Тие со Ахмети добро се познаваат и добро би работеле, меѓутоа неговата вистиснка цел не е да конечно да понуди Албанците да имаат премиер или или некоја друга позиција. Тоа се тие мејкап трикови на Црвенковски кој се обидува да го симне Груевски.
Алајдин Демири, универзитетски професор.
Лошата економска и безбедносна ситуација во земјава го притискаат премиерот Груевски да прави промени, вели професор Алајдин Демири. Но тоа што вината се бара кај луѓето кои се директори на јавни претпријатија или претседатели на општински комитети не е најсреќното решение, вели тој.

„Од друга страна, тој момент ќе произведе и друг мотив, мотивот на незадоволство во партијата. Сето тоа го прават за да го заштитат првиот ешалон.“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски деновиве изјави дека промените се резултат на неколкумесечните анализи и проценки на партијата, а новиот бран ќе значел и освежување на програмата на партијата во динамиката на остварување на предвидените проекти.

И додека во јавноста се уште се зборува за новите промени во владејачката ВМРО-ДПМНЕ, викендот проструи информација дека лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски му понудил на лидерот на ДУИ, Али Ахмети формирање на широка владина коалиција,која би ја предводела Теута Арифи. Иако СДСМ ја демантираше информацијата како невистинита и како обид на власта да отргне внинамието на јавноста за вистинските проблеми, порталот кој го објави текстот тврди дека извори на веста се високи партиски извори на ДУИ. За Стојадиновиќ таквата евентуална понуда од Црвенковски би можела да се сфати само како предизборна математика.

„Црвенковски сака да ја направи сметката уште малку порано и да искористи сега на ситуацијата што се случува со овие меѓуетнички тензии, да имаат математика и договор како понатаму тие ќе ги водат тие тензии кои за жал ги искористуваат во политички маркетинг“.

Според Демири, пак, не е чудно Црвенковски да доставил таква понуда до Ахмети, но сомнителни се неговите вистински намери.

„Црвенковски е политичар шпекулант. Тие со Ахмети добро се познаваат и добро би работеле, меѓутоа неговата вистиснка цел не е да конечно да понуди Албанците да имаат премиер или или некоја друга позиција. Тоа се тие мејкап трикови на Црвенковски кој се обидува да го симне Груевски“, изјави Демири.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG