Достапни линкови

МВР смирува, локалните жители блокираат патишта


Блокада на патот Бутел-Радишани, по убиството на пет луѓе во скопското село Смиљковци.
Блокада на патот Бутел-Радишани, по убиството на пет луѓе во скопското село Смиљковци.

МВР води интензивна истрага за октивање на сторителите на петкратното убиство во близина на село Смиљковци. Во меѓувреме револтирани граѓани блокираат патишта, бараат полицијата да го открие сторителот.

Министерството за внатрешни работи ги повика медиумите и јавноста да се воздржат од какви било шпекулации кои можат да ги подгреат меѓуетничките тензии. Потпаролот Иво Котевски соопшти дека МВР формирал оперативен штаб кој работи на брзо расчистување на случајот.
Точно е дека четирите тела се најдени едно до друго, петтото тело е најдено на одредена одалеченост во непосредна близина, но не до четирите тела, факт е дека кај истите уште од првичниот увид на лице место констатирано е дека смртта настапила поради простелни рани, така што се работи за огнено оружје, но не би оделе со повеќе детали во полза на истрагата која интензивно се одвива.
Иво Котевски, портпарол на МВР.

„Истрагата интензивно се води и работиме на утврдување на идентитетот на сторителите, нивното наоѓање и лишување од слобода“, изјави Котевски.

Оперативниот штаб е составен од највисоките старешини од повеќе организациони единици чија задача е да ги координира мерките и активностите кои се преземаат за целосно расчистување на грозоморното убиство. Во моментот се уште трае увидот на поширокото подрачје каде што се случи убиството, а исто така се прибираат информации и сознанија во околните места. Од МВР апелираат доколку кој било граѓанин има каква било информација во врска со настанот, истата да ја пријави во полиција.

„Точно е дека четирите тела се најдени едно до друго, петтото тело е најдено на одредена одалеченост во непосредна близина, но не до четирите тела, факт е дека кај истите уште од првичниот увид на лице место констатирано е дека смртта настапила поради простелни рани, така што се работи за огнено оружје, но не би оделе со повеќе детали во полза на истрагата која интензивно се одвива.“

Во меѓувреме, во знак на револт за синоќешното убиство жителите на селото Радишани и Црешево од каде што се и убиените го блокираа патот што води кон местото каде што се случило злосторството. Токму во овој дел од градот се забележува силно полициско обезбедување. Жителите се згрозени од тоа што се случи, гневни се на полицијата, затоа што како што велат се уште не им кажува ништо околу настанот и истрагата.

„Ќе останеме се додека не дојде министерот за ни каже, да ни вети дека ќе се открие сторителнот, ние не бараме денеска да се открие, но да се открие.“
велат жители на Црешево од каде што е убиениот 45 годишен човек.

Жителите на селото Радишани пак го блокираа патот што води кон селото и не дозволуваат пристап на новинарските екипи на теренот.

Според првичните сознанија, синоќа околу 22 часот и 30 минути од страна на рибари во близина на Смилковци, биле пронајдени петте безживотни тела. По наредба на истражен судија екипа на МВР извршила увид на местото при што биле забележани чаури околу мртвите, како и повреди од огнено оружје по телата на убиените. Според првичните информации се работи за четири лица на возраст од 20 години и едно на возраст од 45 години.
Ќе останеме се додека не дојде министерот за ни каже, да ни вети дека ќе се открие сторителнот, ние не бараме денеска да се открие, но да се открие.
Жител на Црешево.

Увидот на криминалистичката полиција, јавниот обвинител, истражен судија и екипи на судска медицина завршил во раните утрински часови, по што телата биле пренесени во институтот за судска медицина. Од институтот велат дека нивни екипи во моментот работат на обдукција на телата. Во интерес на истрагата и на семејствата екипите ќе работат се додека не заврши обработката на телата, по што истражните органи да добијат што повеќе релевантни податоци.

Според информациите на очевидците во дел од медиумите момчињата со два автомобили заминале по риба.Се уште е непознато што се случило во меѓувреме, кој и зошто стрелал во нив. Според сведоштвата на жителите на Црешево, кои вчера биле на местото каде што се случи петкратното убиство, жртвите биле рибари кои често доаѓале да рибарат на езерото.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG