Достапни линкови

Македонија неподготвена за влез на рускиот пазар


Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.
Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.

Не може мал производител, како Македонија, неорганизирано и поединечно да се обиде да влезе на рускиот пазар, вели професор Мирољуб Шукаров.

Македонската влада ги испитува можностите за зголемена економска соработка со Русија, а потоа на таквата агенда е поставена и Кина во која на крајот од месецов на роуд шоу со македонската делегацијата ќе замине и премиерот.
Тоа отвора простор тие земји да покажат поголемо чувство за тие интереси. Тоа е еден комплексен фактор, еден комплексен спектар во кој се делува и се овозможува да полека, полека се унапредуваат своите интереси.
Ристо Никовски, поранешен амбасадор.

Напорите кои се прават за проширување на економската соработка и надвор од земјите низ Европа се многу значајни бидејќи ја зајакнуваат меѓународната позиција на државата, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски, кој е убеден дека тоа е и една од идеите на владата на овој начин да обезбеди и поширок фронт од меѓународна поддршка за остварување на своите меѓународни интереси.
Министерот за финансии Зоран Ставрески.
Министерот за финансии Зоран Ставрески.

„Тоа отвора простор тие земји да покажат поголемо чувство за тие интереси. Тоа е еден комплексен фактор, еден комплексен спектар во кој се делува и се овозможува да полека, полека се унапредуваат своите интереси, тие се реализираат не само кон овие земји, туку и на најширок план.“

Меѓутоа, тоа никако не може да значи промена на нашите стратегиски цели ЕУ и НАТО, бидејќи во светот не постои сила која што нуди друга алтернатива, додава Никовски.
Не сме подготвени, јас колку што знам нема ниту еден сериозен обид да формирање на таква здружена трговска организација којашто организирано би настапила на рускиот пазар. Не може мало производителче да се обиде да влезе на рускиот пазар.
Мирољуб Шукаров, универзитетски професор.

Од друга страна, прашање кое што е важно за економистот, професор Мирољуб Шукаров е како се освојуваат вака значајните пазари меѓу кои Русија и Кина. Настапот таму не е нималку едноставен како што тоа можеби изгледа и покрај нивната голема апсорпциона моќ. Од тој апсект, додава Шукаров, успех не може да се постигне на тој план на овој начин како што настапува Македонија неорганизирано и поединечно.

„Не сме подготвени, јас колку што знам нема ниту еден сериозен обид да формирање на таква здружена трговска организација којашто организирано би настапила на рускиот пазар, на пример. Не може мало производителче да се обиде да влезе на рускиот пазар.“

Овие пазари се многу актуелни за пребродување на актуелната економска криза, а треба да останат актуелни и по неа препорачува Шукаров.

Министерот за финансии Зоран Ставрески денеска ќе ги претстави инвестициските можности на земјава пред бизнис заедницата во рускиот град Ростов. Минатата година во земјава пристигнале 5,19 милиони евра руски инвестиции, но со оглед на економскиот и инвестицискиот потенцијал на оваа држава се смета дека тој обем на инвестиции е многу мал.
XS
SM
MD
LG