Достапни линкови

Потешко е да се настапи дома, отколку во странство


Скопски дувачки квинтет.
Скопски дувачки квинтет.

Поголем проблем е да настапите на некоја од домашните сцени отколку надвор од Македонија – вели обоистот Васил Атанасов, во пресрет на предпразничниот концерт на СКОПСКИ ДУВАЧКИ КВИНТЕТ што ќе се одржи на 10 април во 20 часот, во Салон 19.19 на Културно информативниот центар.

Поголем проблем е да настапите на некоја од домашните сцени отколку надвор од Македонија – со видна доза на разочараност забележува познатиот македонски обоист Васил Атанасов во очекување на предвелигденскиот концерт на СКОПСКИ ДУВАЧКИ КВИНТЕТ.
Иако сум член на Филхармонија и солист, неколку години не можам да настапам со Македонската филхармонија, која е моја матична куќа, дали поради пристрасност на дирекцијата или погрешна политика, не можам да го разберам тоа. Од друга страна се форсираат уметници кои немаат ниту еден концертен настап на македонската музичка сцена.
Васил Атанасов, обоист.

„Иако сум член на Филхармонија и солист, неколку години не можам да настапам со Македонската филхармонија, која е моја матична куќа, дали поради пристрасност на дирекцијата или погрешна политика, не можам да го разберам тоа. Од друга страна се форсираат уметници кои немаат ниту еден концертен настап на македонската музичка сцена.“
Васил Атанасов, обоист
Васил Атанасов, обоист

Тој дополнува дека не може да си ја објасни таквата ситуација, одбивајќи да поверува дека за тоа вина не сноси и Министерството за култура, кое од таквиот след на настаните се оградува со „сопствената ненадлежност“ која е во колизија со нивниот одбир на директори во националните институции.

„Не знам едноставно што се случува. Министерството за култура е индиферентно во тој поглед. Велат ние не сме надлежни, а кој всушност го бира директорот и Управниот одбор.“

Не знам едноставно што се случува. Министерството за култура е индиферентно во тој поглед. Велат ние не сме надлежни, а кој всушност го бира директорот и Управниот одбор.
Васил Атанасов, обоист.
Васил Атанасов, кој инаку припаѓа на редот македонски репродуктивни уметници кои често посегаат по делата на современите македонски композитори на своите концертни настапи, за актуелниот прекин на комуникацијата помеѓу домашните автори и исполнители со свој став:

„Не се служувам со таа констатација, бидејќи сум исполнувал многу македонска музика, поготово камерна, а и како член на Македонската филхармонија. Дека треба малку селективен пристап, да, се сложувам со тоа, но дека има добри дела, има добри дела и во македонската музика.“

Инаку, ваквата констатација ја поткрепува и со актуелната програма за вторничниот концерт на СКОПСКИ ДУВАЧКИ КВИНТЕТ во реновираниот Салон 19.19. Атанасов, флејтистот Ванчо Аревски, кларинетистот Ристо Ѓоревски, фаготистот Марјан Милошевски и Александар Ѓошев на хорна, актуелните членови на квинтетот кој постои повеќе од три децении и претставува дел од една традиција за камерна дружба меѓу плејада македонски уметници од дувачката фела, овојпат на програмата ќе имаат дела од Моцарт, Љадов, Прокопиев, Хиндемит и Арнолд.

„Сликата на Трајко Прокопиев доволно зборува за корените на македонската музика, од фолклорното творештво, црковна инспирација, а ние со задоволство секогаш ја исполнуваме и сакаме да изведуваме македонски композитори.“

По овој концерт СКОПСКИ ДУВАЧКИ КВИНТЕТ, камерниот оркестар со многу врвни награди и признанија, во април и јуни ќе музицира и во соседните Србија и Бугарија, а неговиот уметнички раководител Васил Атанасов летово скоро два месеца како солист ќе настапува во Италија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG