Достапни линкови

Се распаѓа салата Младост, расадникот на ракометари


Спортската сала Младост во Битола, каде што поголем дел од македонските ракометни репрезентативци ја почнаа или поминаа дел од кариерата се распаѓа.
Спортската сала Младост во Битола, каде што поголем дел од македонските ракометни репрезентативци ја почнаа или поминаа дел од кариерата се распаѓа.

Во салата каде некогаш тренирале Стевче Алушовски, Кире Лазаров, Борко Ристовски, Петар Ангелов и тенерот Ѕвонко Шундовски денеска течат бојлерите и славините, паѓаат ѕидови, а нема седишта.

Се распаѓа спортската сала „Младост“ во Битола каде својата ракометарска кариера ја започнале најголем дел од ракометарите на македонската репрезентација кои денес настапуваат на Европското ракометно првенство во Србија. Во салата каде некогаш тренирале Стевче Алушовски, Кире Лазаров, Борко Ристовски, Петар Ангелов, тенерот Ѕвонко Шундовски и други, 12 години ништо не е инвестирано. Од снегот прокапија таваните, па објектот плива во вода. Тројцата вработени дежураат за да го спасат паркетот.
Сите поминале низ школата во Битола, од тука станале ракометари. Кога Врадар тонеше, од Пелистер сите ракометари излегоа. Повеќе од половина ракометари од репрезентацијата излегоа од тука. Денес пропаѓа салата од која излегле ракометарите со кои се гордее Македонија. Бојлери течат, славини течат, ѕидови паѓаат, седишта нема. Зошто единствено во Македонија е оставена спортската сала „Младост“ на милост и немилост и од државата и од локалната самоуправа?
Никола Босилковски, директор на спортската сала Младост во Битола.

„Сите поминале низ школата во Битола, од тука станале ракометари. Кога Врадар тонеше, од Пелистер сите ракометари излегоа. Повеќе од половина ракометари од репрезентацијата излегоа од тука. Денес пропаѓа салата од која излегле ракометарите со кои се гордее Македонија. Бојлери течат, славини течат, ѕидови паѓаат, седишта нема. Зошто единствено во Македонија е оставена спортската сала „Младост“ на милост и немилост и од државата и од локалната самоуправа?“, вели директорот Никола Босилковски.

Во салата тренираат пет спортски клуба, а за една недела објектот ќе остане и без мазут. Коталарата го користи горивото наточено од пред 14 години.

„Ни секнува и мазутот за греење, а се работи за голем систем и може да настане голема хаварија. Тоа е котлара со три котли, со огромна количина на вода и со над 3.000 радијатори. Ако не пуштат мазут ако ова замрзни, со години спортската сала ќе нема парно. Во 1998 година, 57 тони мазут ни даде порнаешниоот пратеник Спире Мавровски, од тогош до денес во котларата никој нема турено ни литар мазут. Има резерва за уште една недела“, додава Босилковски.

Спортската сала е под надлежност на јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти. Од таму велат дека претпријатието има огромни наследени долгови и 19 заостанати плати. Тоа е во клиничка смрт и во ваква состојба е невозможно да се интервенира во битолската спортска сала.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG