Достапни линкови

Бесими - Реален оптимизам за членство во НАТО


Интервју со Фатмир Бесими
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:54 0:00

Интервју со министерот за одбрана Фатмир Бесими.

Ние работиме активно на интеграциите, но реално, членството во НАТО не зависи само од Македонија. Продолжуваме со реформите без разлика дали Македонија ќе стане членка на Алијансата на престојниот Самит во Чикаго, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Министре, минатата година ја завршивме со ентузијазам дека доброто лобирање може да ја ефектуира хашката пресуда, меѓутоа годинава, барем според првите изјави на премиерот, ја започнуваме со извесен песимизам или, како што тој вели реaлизам, дека шансите ни се многу мали за влез во Алијансата. На која линија ќе се држите вие до Самитот во Чикаго?

На интензивно работење и неоткажување од тоа што е наша стратешка цел, односно членството во НАТО. Мислам дека целата активност на Владата и на тие што се компетентни во оваа област, тргнувајќи од премиерот, министрите ќе работат во таа насока и самата изјава, односно интервју на премиерот таа реченица беше експлицитна дека ние ќе работиме, значи и во текот на оваа година со максимални напори за да Република Македонија го докаже својот капацитет и интерес за членство во НАТО.

Јас по природа сум оптимист, или се користи еден термин реален оптимист, значи мора да сме свесни за реалните околности, предизвиците, но оптимизмот е тоа што ќе ни даде мотивација да работиме и да не се откажеме од нашите цели. А и потоа независно дали Македонија на тој Самит ќе биде дел од НАТО или не, ќе продолжиме исто интензивно во нашите цели за членство во НАТО, затоа што овој процес не е само до влезот во НАТО, Македонија ќе треба да прави реформи и понатаму откако ќе стане дел од НАТО. Но тоа е голем чекор доколку оваа година успееме да влеземе како членка во НАТО и ќе работиме на тоа.

ДУИ ги промовира интеграциите како своја базична филозофија на партиската програма. Од таа позиција дали сте подготвени да ја завршите годината со празни раце, слично како вашата сопартијка Теута Арифи минатата година?

Јас не би рекол дека со празни раце ние би ја завршиле годината. Ние годината ќе ја тераме со полно активности на тој план, тргнувајќи од многу конкретни реформи посебно во делот на одбраната што се во моја надлежност. Само што заврши еден дел што значи нова структура или формација на Армијата на Република Македонија која ќе почне да се имплементира од оваа година согласно препораките на НАТО. Годината ја започнавме со испраќање на нов контингент на мировни мисии во Авганистан, ќе продолжиме со нашиот придонес за глобален мир. И понатаму тоа што значи политичко лобирање ќе биде многу интензивно годинава, значи ќе имаме еден сет на многу мерки, активности од наша страна со кои ќе докажеме и ќе работиме на таа филозофија, како што и вие рековте, дека евро-атланските интеграции се најдобрата варијанта за Република Македонија, за регионот, а секако од тоа ќе имаат корист и ЕУ и нашите партнери во Алијансата.

Меѓутоа се чини како во претходниот мандат ДУИ како да имаше поголеми или барем појасни барања и очекувања во однос на интеграциите, можам тоа да го наречам дека во одредена фаза беше и притисок. На што се должи вашата зголемена толеранција во однос на интеграциското статус кво, особено откако овие две клучни позиции ги доби ДУИ во овој мандат?

Нема никаква промена. Тоа што се смени е глобалниот контекст, односно работите се движат-panta rei, значи не е истиот контекст на глобално ниво гледано пред неколку години и сега, и нашето членство во НАТО не зависи исклучиво од Република Македонија, тоа зависи од решавање на спорот за името, односно тој голем предизвик што не е еднострано прашање, тоа треба да се реши заедно со Грција, а воедно и меѓународната заедница да даде подршка во овој процес. Ние сме сведоци на тоа што во последно време, особено во последната година низ што минува Грција гледано од економски аспект и политички аспект, имаат привремена влада, се очекуваат избори, слично е и во ЕУ, постои економска криза, преференциите на САД, тоа што се случуваше во овој период во Северна Африка, Блискиот Исток, сега Азија и Пацификот, значи се некои работи што не се исти како што беа во 2008-та година. Значи работите се менуваат и ние не сме изолирана земја од сето тоа што се случува на глобално ниво. И затоа се користи тој термин реален оптимизам, затоа што реално треба да ги согледаме некои работи. Нашиот пристап воопшто не е сменет, ние сме многу активни во нашето работење и јас како министер за одбрана и Госпоѓа Теута како вицепремиер за евроинтеграции, апсолутно нема да има забавување на нашата активност или динамика за овие процеси, односно за евроатланските интеграции.

Вие како партија ако добро следам сметате дека за нас е името пречка, а не за Грција и затоа ние треба да ги засилиме нашите напори за надминување на спорот. Што мислите вие дека сега треба да се направи на тој план?

Да се продолжи активно со нашите намери и активности за надминување на оваа прашање и тоа и со меѓународната заедница и директно со Грција. Јас мислам за да се реши нешто, за да се разберат пред се две страни во надминување на едно прашање треба да комуницираат и комуникацијата е клучен предуслов за да некој ја разбере другата страна и да може да најде одредени решенија. Мислам дека тоа е првиот чекор и ние треба да продолжиме да комуницираме како на ниво на премиери, така и на ниво на министри, на сите аспекти. Ние во декември потпишавме една спогодба со Грција за годишна програма за работа, за македонско-грчка соработка во делот на одбраната и ќе продолжиме да комуницирам и да работиме, мислам дека тоа е единственото решение и не откажување од тоа прашање затоа што ако се откажеме од ова прашање нема да го решиме, се додека сме активни ние можеме да го решиме.

Очекувате нешто од престојната средба во Њујорк?

Јас сакам да верувам дека ќе се искористи можноста на таа средба да се искомуницирааат некои ставови на прогрес, доколку има некои нови дилеми или резерви од било која страна, тоа треба да се дискутира отворено, и доколку има таков пристап тогаш може да видиме нешто повеќе. Но со оглед на се што слушаме, инфомации што доаѓаат и од грчка страна и целиот контекст, реално е и оваа да биде една од средбите како досега, но ќе повторам, иако се такви очекувањата ова е добра можност да се поентира, да се каже нешто повеќе во било тоа да е прогрес, било да е одредена загриженост од било која страна за било каков чекор.

Гледате ли можност за прием во Алијансата под референцата ФИРОМ и дали Македонија ќе полага надежи најмногу на оваа варијанта на престојниот Самит?

Тоа што за нас е битно е членството во НАТО и се што ќе даде можност за членство во НАТО. Република Македонија и сега ја има меѓународно таа позиција, референцата ФИРОМ. Тоа што е битно преговорите и понатаму можат да продолжат и после членството во НАТО доколку ние влеземе под референцата ФИРОМ. Мислам дека во моментот е најзначајно Македонија да стане членка на НАТО што побрзо.
Македонија во моментот има референца ФИРОМ на меѓународно ниво и тоа граѓаните треба да го знаат и доколку Македонија стане членка на НАТО под референцата ФИРОМ не значи дека преговорите со Грција за името ќе престанат во тој момент.

Вие спомнавте учество на меѓународната заедница во целото разрешување на овој проблем. Како ДУИ ги замислува тие евентуални меѓународни интервенции во нашиот проблем?

Со актуализирање уште повеќе на оваа прашање и активен повик до нашите стратешки партнери кои секогаш биле тука кога Македонија имала потреба за тоа, а и ние сме покажале дека сме кредибилен партнер преку меѓународните мировни мисии. Мислам дека тоа не значи дека тие апсолутно нема да бидат заинтересирани за надминување на овој спор. Меѓутоа треба да се водат разговори и со Грција и со меѓународната заедница со нивно посредство како пријатели на двете страни. Кога има спор меѓу двајца, тој што најмногу може да помогне е тој кој е пријател на двете страни, тој што ја има довербата од двете страни и во таа насока ние сметаме дека само активен ангажман може да даде резултати.

Вие побаравте и добивте зголемен буџет за Армијата. Како досега функционирало сето тоа бркање на стандардите на НАТО со помалку сретства?

Стандардите за членство во НАТО не се статична категорија, ние треба во континуитет да направиме реформи како што и НАТО ги прави реформите за да бидеме во континуитет спремни за членство во НАТО. Мислам дека сега тоа ние го правиме и со сигурност тоа ќе продолжиме да го правиме. Во однос на буџетот еден од главните аргументи беше токму тоа дека ние треба да продолжиме со реформите, одржување на капацитетите на АРМ, за да можеме успешно да ги реализираме партнерските цели за членство во НАТО, но тоа не значи дека и овие се доволни за нашите амабиции.
Но со помош на рационално трошење на сретства се надеваме дека ќе бидеме во линија на исполнување на партнерските цели за членство во НАТО и во текот на оваа година.
XS
SM
MD
LG