Достапни линкови

Хуманост само за празници


Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски подарува пакетчиња во „Даре Џамбаз“, Скопје, декември, 2011
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски подарува пакетчиња во „Даре Џамбаз“, Скопје, декември, 2011

Во истражувањата на Македонскиот центар за меѓународна соработка е утврдено дека е опаднат бројот на граѓаните кои даруваат од 71 процент во 2009-та година на 65 отсто во 2010-та. Според „Светскиот индекс на дарежливост“ за 2011 година Македонија го дели 132 место со Нигерија од 153 земји.

Хуманитарни концерти, пакетчиња за децата без родители, политичари ги посетуваат луѓето кои живеат на маргините, бизнисмени заедно со градоначалници им даваат пакети со храна или со облека на сиромашни луѓе. Ова е дел од програмата која се емитуваше деновиве на телевизија и која ни покажа дека празничната сезона одамна започна.
Добиваме, секоја година вака пакетчиња добиваме, но ова еднаш само во годината се дава.
Фарух Рамиз, корисник на социјална помош.

Се промовира склоноста кон добротворство, им се помага на луѓе кои се во неволја. Но на тие луѓе кои што живеат на маргините на општеството помош им треба преку целата година, не само за време на празници.

Фарух Рамиз живее од социјална помош, симболична сума со која не може ниту да го прехрани своето семејство. Но и таа помош често
Претседателот Иванов дели пакетчиња во детската клиника во Скопје
Претседателот Иванов дели пакетчиња во детската клиника во Скопје
доцни и не е редовна, па вели дека се обратил до хуманирните организации за да може да преживее.

„Добиваме, секоја година вака пакетчиња добиваме, но ова еднаш само во годината се дава.“

Околу 40 илјади корисници на социјална помош во Македонија ја делат неговата судбина, дел од нив се надеваат на солидарност, хуманост и

Па ние барем за празници сме хумани, а опозицијата ја нема ни за празници.
Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика.

дарежливост од нивните сограѓани.

Дел од политичарите покажаа малку хуманост за време на празнициве, ги одморија граѓаните од политика и ги посетуваа и даруваа оние кои живеат на маргините на општетсвото. Но и тоа го искористија за политика, опозицијата смета дека власта ја покажуваат својата хуманост само за време на празници и годишнини, а на тоа власта им одговори:

Па ние барем за празници сме хумани, а опозицијата ја нема ни за празници“, в​ели министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Во истражувањата на Македонскиот центар за меѓународна соработка е утврдено дека е опаднат бројот на граѓаните кои даруваат од 71 процент во 2009-та година на 65 отсто во 2010-та. Според студијата што ја правела меѓународната фондација за
Сметам дека во Македонија и економскиот момент во семејствата е една причина зошто се наоѓаме на толку ниско место, ако се работи за 150 држави, ние да сме на 130 место, затоа што луѓето имаат желба но не сите имаат доволно моќ сето тоа да го направат.
Сузана Тунева Пауновска, Црвен Крст на Град Скопје.
хуманитарна помош „Светски индекс на дарежливост“ за 2011 година Македонија го дели 132 место со Нигерија. Во истражувањето за добротворното однесување се вклучени 153 земји , а извештајот се базира на три мерки на однесување – давање пари, волонтеризам и помагање на странец.

Граѓаните велат дека луѓето сакаат да бидат дарежливи и хумани кон помалку среќните од нив, но секогаш не се во можност да одвојат доволно пари и за месечните трошоци и за дарување.

„Нема доволно, но тој што во душата е хуман, ќе најде и за другиот да му помогне.“

„Релативно е, не може да кажеш за сите, има некои многу хумани, има пак, некои кои имаат многу пари, а не сакаат да дадат ништо.“

Експертите велат дека нискиот животен стандард и егзистенцијалната криза ги прави граѓаните фрустрирани и незадоволни а токму тоа ги сведува на ограничени добротворни дејствија само кон најблиски.

Секретарот на Црвен Крст на Град Скопје Сузана Тунева Пауновска вели дека економската состојба на граѓаните е една од причините зошто е толку ниско рангирана Македонија.

„Сметам дека во Македонија и економскиот момент во семејствата е една причина зошто се наоѓаме на толку ниско место, ако се работи за 150 држави, ние да сме на 130 место, затоа што луѓето имаат желба, но не сите имаат доволно моќ сето тоа да го направат. Меѓутоа јас сакам да истакнам дека доволно е да имаме желба, да сме хумани да бидеме позитивни, понекогаш и топлиот збор е хумана донација.“

Таа додава дека еден од проблемите е неинфомираноста на граѓаните.

„Доколку се случи некоја голема трагедија како што беше цунами, како што беа некои други настани надвор од Македонија или, пак, тука, тогаш кога има големи апели има многу брза рекација од страна на хуманите граѓани, од страна на компаниите, но кога се работи за перманентна активност мислам дека таа информираност е на малку пониско ниво и тогаш е потребна поголема енергија за да се поттикне сето тоа. Луѓето знаат каде треба да донираат меѓутоа сметам дека во такви моменти тоа им е можеби не така приоритетно во секојдневниот живот.“

Празниците ја будат хуманоста кај луѓето, но хумани активности не се само дарување на стара облека и пари. За тоа најдобро говори примерот на Јованка Димова која во својот дом згрижува деца без родители.

„Јас сум хумана и затоа сум среќна. Чував девојче од Детското село, таа уште е таму, горда сум со нејзе. Таа доаѓа и сега кај мене, јас ја сакам исто како да е моја, додека можам ќе ја чувам.“
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG