Достапни линкови

Децата - жртви на брачните војни


Децата имаат право да имаат двајца родители и по нивниот развод, велат од здружението „Емоционално здраво детство“.

И по разводот на родителите, детето да има два родитела во неговата перцепција, чувства и доживувања и со тоа да ги оствари своите права во семејството. Да не се дискриминираат децата од центрите за социјални работи, со чии одлуки тие во 90 до 99,9 проценти од случаите им се доделуваат на старателство на мајките, со што се одвоени од татковството, а истото важи и за мајчинството, доколку е обратно.
Прво се почувствуваме ние повредени, што по разводот не ни беше овозможено да си го вршиме родителското право. А кога размисливме малку подобро, дека детето е обесправено бидејќи е оставено без еден родител. Сега во еден пакет во суштина се решаваат двете прашања, но навистина е премногу болно ако не можете на сопственото дете да му помогнете е неподносливо чувство на немоќ.
Влатко Поповски, Емоционално здраво детство.

Вакви претставки за перманентна индиректна дискриминација на децата на разведените родители, но и на родителите кои се физички одвоени од децата по разводот, здружението „Емоционално здраво детство“ достави до владината комисија за заштита од дискриминација, со што како и со барањата за измени во законот за семејство со иницијатива за здраво и квалитетно постразводно родителство, од министерството за труд и социјална политика, се бара корекција на „наметнатата положба на скратено вршење на родителското право“.

„Прво се почувствуваме ние повредени, што по разводот не ни беше овозможено да си го вршиме родителското право. А кога размисливме малку подобро, дека детето е обесправено бидејќи е оставено без еден родител. Сега во еден пакет во суштина се решаваат двете прашања, но
Членови на здружението Здраво емоционално детство
Членови на здружението Здраво емоционално детство
навистина е премногу болно ако не можете на сопственото дете да му помогнете е неподносливо чувство на немоќ. Поентата е само детето да може послободно да си го гледа другиот родтел. Нашите барања не се спектакуларни, сите се многу хумани и реални, бараме од центарот во решението да има препораки и поуки. Родителот кому му е дадено детето на чување, ако не може да го чува, да му го дава на другиот родител, двајцата родители да се
Многу е суптилна проблематиката на регулирање на видувањето меѓу родители и деца, и тука не можеме да извлечеме заклучоци по однос на некое групно постапување. Секој случај е сам за себе, затоа што се различни односите во семејните заедници како и раскинувањата на тие партнерски заедници, со разводот на брак, доверувањето на децата.
Душко Миновски, Комисија за заштита од дискриминација.

застапени во сите сфери од животот и што е најважно да има законски загарантирано количество на видувања на детето со родителот. Тоа да не биде оставено на паушал“, вели Влатко Поповски, претседател на здружението „Емоционално здраво детство“.

Тој бара и европеизација на законите од оваа област со акцент на заштита на правата на децата.

„Јас сум татко на три малолетни деца. Мојот проблем е тоа што не можам да си ги гледам децата колку што мислам дека е за нивно добро. Тие се многу малечки и уште полошо е што нивната мајка има психолошко заболување. Центарот за социјална работа додека трае нашава процедура за разделување, без да ги земе во предвид моите искази и доставени документи, децата и ги доделува на чување и грижа на мајката. Тоа трае повеќе од една година. Упорно тврдам дека во центарот згрешиле во нивната проценка, им кажувам дека мајката има сериозно психолошко нарушување и дека е болна жена, но нема никаков слух од нивна страна. Неодамна мајката по еден нејзин испад, предизвикан од нејзината болест, е однесена во психијатриска установа. Јас не знаев во моментот каде ми се децата, кој ги чува и сл. Сакам да ги заштитам децата од нездравата средина во која растат. Според она што ми е одредено, јас ги гледам децата премалку, односно секоја втора сабота со нив сум само по два часа, што е вкупно четири часа месечно“, вели татко на деца, кој се разведува од нивната мајка.

Додека татковците кои сега најмногу со нивните деца се гледаат секој втор викенд и неколку часа уште два дена во месецот, бараат тоа да се зголеми, од владата ќе оценуваат дали во овие случаи има или нема дискриминација.

„Контекстите на човекви права, на детски права, на тортура, на разни други права, на детски третман се многу блиски и со дискриминацијата бараат споредбена состојба. Тоа значи дали одредено лице или одредена група е ставена во понеповолна положба за разлика од друга. Многу е суптилна проблематиката на регулирање на видувањето меѓу родители и деца, и тука не можеме да извлечеме заклучоци по однос на некое групно постапување. Секој случај е сам за себе, затоа што се различни односите во семејните заедници како и раскинувањата на тие партнерски заедници, со разводот на брак, доверувањето на децата и сл. Најсериозно ќе го разгледаме прво тоа, па доколку има дискриминација, ќе дадеме препорака како тоа да се отстрани, а доколку нема, здружението ќе го упатиме на каков начин ќе треба да ги остварат своите права преку евентуални измени на закони, за подобрувања на работата на центрите за социјална работа, во тој контекст“, вели Душко Миновски, претседател на комисијата за заштита од дискриминација.

Според него проблемите се доста индивидуални и кај родителите и во центрите за социјална работа, при што од примарно значење, сите велат дека треба да биде интересот на децата, за да не бидат тие жртви на брачните војни на нивните родители.
XS
SM
MD
LG