Достапни линкови

Иселенички инвестиции во дебарскиот крај


Долгогодишниот иселеник во САД Бајрам Јахија ќе инвестира над еден милион долари во млекара во родниот крај.
Долгогодишниот иселеник во САД Бајрам Јахија ќе инвестира над еден милион долари во млекара во родниот крај.

Неколку илјади иселеници од дебарско-реканскиот регион по долгите години печалба во САД, решаваат да инвестираат во својот роден крај.

Бајрам Јахија, македонски иселеник од реканското село Требишта, во осумдесетите години од минатиот век ја напуштил Македонија и се иселил во Соединетите Американски Држави, и по четврт век печалба реши да инвестира во родниот крај. Иселеникот Јахија е при крај на реализацијата на проектот во висина од над еден милион долари.
По 25 години решив да се вратам во мојот роден крај и спечалените пари да ги вложам во мојот крај со цел тој да се развива.
Бајрам Јахија, македонски иселеник кој во родното Требиште ќе инвестира во млекара.

„Во 1986 година ја напуштив Македонија и заминав за Америка. Таму работев како градежен работник. И по 25 години решив да се вратам во мојот роден крај и спечалените пари да ги вложам во мојот крај со цел тој да се развива. Се одлучив да отворaм една млекара, која дневно ќе преработува пет тони млеко, со што ќе отворам работа за сточарите, а за почеток ќе вработам 13 лица“, вели Јахија.

Дебарско-Реканскиот регион
Дебарско-Реканскиот регион
Тој искажува задоволство и од поддршката што ја добил од локалните власти на општина Маврово-Ростуше за реализацијата на проектот.

„Соработката со локалните власти ми овозможи да добијам преку Министерството за транспорт и врски добар државен плац, така што сега имам добри услови.“

Зулфо Фејзули од Требиште е познат сточар во Река и повеќегодишен раководител на една земјоделска задруга во општина Маврово-Ростуше.
Тој е убеден дека оваа млекара видно ќе влијае во зголемувањето на бројот на сточари во овој регион.
Овој регион повторно има шанса да го заживее сточарството, особено во чувањето на крупна стока - крави.
Зулфо Фејзули, раководител на земјоделска задруга во Требиште.

„Благодарение на нашиот иселеник-повратник Бајрам Јахија овој регион повторно има шанса да го заживее сточарството, особено во чувањето на крупна стока - крави. Оваа млекара која се очекува да стартува од почетокот на 2012 година и за многу сточари од Дебар и Река ќе има големо значење“, истакнува Фејзули.

На прашањето дали има висок еко-квалитет на производите, тој нагласува:

„Мислам дека во Македонија и пошироко во регионот нема место каде што има почиста животна средина од оваа во Река.“

Иселеникот од САД, реканецот Бајрам Јахија најавува и други инвестиции во оваа рурална општина. Тој вели дека е многу благодарен на САД што му овозможиле добра заработка со која, како што вели, ќе помогне на својот народ во намалувањето на големата невработеност како и во развивањето на Река.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG