Достапни линкови

Обединети за името?


Да се обединиме околку црвените линии, повика на синоќешното обраќање по повод прославата на Денот на независноста, премиерот Груевски.
Да се обединиме околку црвените линии, повика на синоќешното обраќање по повод прославата на Денот на независноста, премиерот Груевски.

Во ситуација на речиси идентични ставови, какви се можностите за обединување на спротивставените политички табори за најсериозниот предизвик - спорот со името?

Ајде да се обединиме околку црвените линии, повика на синоќешното обраќање по повод прославата на јубилејот од независноста, премиерот Груевски и ги повтори познатите ставови, ништо што задира во националниот идентитет, Уставот и уставното име, а на што ќе се согласат граѓаните на референдум.

Ваквите ставови во овој момент речиси од буква до буква ги дели и опозицијата и тие се дел од нејзината изборна програма посебно откако и во нејзините редови се донесе проценката дека не би повлекле никаков потег без согласност на граѓаните.
СДСМ е подготвен во целиот тој процес да учествува, но не е СДСМ како опозициона партија тој што треба да го движи процесот напред, тоа се разбира дека е оној кој победил на изборите.
Андреј Петров, СДСМ.

Какви се можностите при речиси идентични ставови да се случи обединување на спротивставените политички табори за овој во моментов најсериозен државен предизвик?

„СДСМ е подготвен во целиот тој процес да учествува, но не е СДСМ како опозициона партија тој што треба да го движи процесот напред, тоа се разбира дека е оној кој победил на изборите и кој ја има формирано владата. Нашата партиципација, апсолутно не бегаме од тоа и таа е во рамки на она што сме го кажале во изборната програма“, изјави Андреј Петров од најголемата опозициска партија, СДСМ.
x
Можно ли е обединување на спротивставените политички партии?

ВМРО-ДПМНЕ треба да биде сигурна дека овој став на СДСМ е принципиелен и дека прифаќањето на референдумот како и останатите ставови се сериозни и не се дел од некаква политичка калкулација, вели поранешниот министер за надворешни работи, а сегашен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Можно ли е обединување на спротивставените политички страни?

„Ќе треба да се утврди дали тоа навистина е нивно уверување кое што го прифатиле и врз основа на кои аргументи или можеби е само калкулативен пристап кој што го вметнале во својата програма затоа што виделе дека мнозинството или јавноста истиот го одобрува.“

Прашањето на тоа кој прв ќе ја има иницијативата е прашање на политичко одмерување, додава Милошоски, и лесно е решливо доколку постои волја кај сите субјекти.
Ќе треба да се утврди дали тоа навистина е нивно уверување кое што го прифатиле и врз основа на кои аргументи или можеби е само калкулативен пристап кој што го вметнале во својата програма затоа што виделе дека мнозинството или јавноста истиот го одобрува.
Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.

„Можеби претседателот како институција е најсоодветен орган за покренување на иницијатива каде што релевантните политички партии на македонската сцена би можеле да ги изложат своите принципи и ставови и доколку се утврди дека истите се усогласени тоа да биде наша заедничка македонска позиција по однос на македонско-грчкиот спор.“

Во ДУИ, секој повик за обединување, како и самото обединување, го сметаат за многу важно и мислат дека не е важно кој ќе ја покрене иницијативата кога станува збор за прашања од суштинска важност за државата.

„Мислам дека не е толку суштински битно кој ја почнува, односно кој е механизмот туку секој да се надмине себе си и да ја гарантира перспективата на државата“, изјави Бујар Османи од оваа партија.
XS
SM
MD
LG