Достапни линкови

Изложба на вез од Егејска Македонија


Во Битола отворена изложба со реплики на везови од леринско, костурско, кукушко, мегленско, серско...

Времето и политиката не успеаја да ги избришат ракотворбите на везилките од Егејска Македонија. Иако во земјава денес скоро и не се сочувани примероци од ова културно богатство, во Битола беше отворена изложба со реплики на везови од леринско, костурско, кукушко, мегленско, серско.

„Тоа се едни од најстарите веќе заборавени везови. Да потсетиме дека таму се случуваше граѓанска војна 1948 година, а со тоа и една голема миграција на населнието, а со тоа се изгуби огромен дел од материјалната култура, односно од народните носии. Овие везови потекнуваат од кошулите и покривките за глава. Имаме неколку мотиви на извезени кошули, а тоа се крстатните поли, врбенските поли, преврските од Костурско кои датираат од 19 век“, вели етнологот Владимир Јаневски.

Репликите на старите уникатнио везови изработени се од вредните раце на битолските везилки Јулијана Петровска и Павлина Јовановска.
Консултуравме повеќе стручни лица, луѓе кои потекнуваат од тие краишта. Единствено нешто поопипливо што можевме да најдеме беше еден каталог издаден далечната 1932 година од една приватна библиотека.

„Консултуравме повеќе стручни лица, луѓе кои потекнуваат од тие краишта. Единствено нешто поопипливо што можевме да најдеме беше еден каталог издаден далечната 1932 година од една приватна библиотека, луѓето ни ја отстапија таа книга и работевме воглавно по неа и по фотографии, беше многу тешко. Вадевме шеми“, изјави Јулија Петровска.

Везилките велат дека овој вез е поколоритен во однос на оној од вардарскиот дел на Македонија. Конците се претежно во црвена боја, но застапена е и жолтата, зелената, сината.

„Сакавме таа приказна што македонската везилка некогаш ја везела да ја сочуваме од заборав зашто и спомените почнуваат да бледнеат, оваа приказна да продолжи да се раскажува, никогаш да не заврши, а сите ние и идните генерации кои доаѓаат да продолжат да ја раскажуваат на идните поколенија“, изјави везилката Павлина Јовановска.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG