Достапни линкови

Игнорирање на критиките


До сега без конкретна реакција од надлежните институции и покрај се побројните забелешки од меѓународните организации за состојбата со медиумите во Македонија.

„Катастрофално лето за македонските медиуми“. Под овој наслов „Репортери без граници“ пишува за затворањето на три весници, исклучувањето од етер на првата приватна телевизија во земјава како и за отказот за синдикалниот лидер и случувањата во државниот медиум.
За жал досега не видовме ниту една конкретна реакција од институциите, напротив се практикува тактика на комплетно игнорирање на овие пораки што крајно загрижувачки.

Извештајот на меѓународната организација следи по бројни забелешки од политички и невладини организации за гушењето на медиумската слобода во земјава, што го отвораат прашањето какво влијание може да се постигне со ваквите забелешки?

Извршниот директор на Македонскиот институт за медиуми, Билјана Петковска, вели дека реакциите од странство се дополнуваат на она што и домашните организации го застапуваат:

„За жал досега не видовме ниту една конкретна реакција од институциите. Напротив, се практикува тактика на комплетно игнорирање на овие пораки што крајно загрижувачки.“

Има надеж нешто да се промени, вели Петковска:

„И очекувам, по завршувањето на летните одмори, од септември зголемени активности во насока на анимирање на медиумската заедница и нејзино поголемо консолидирање со цел да се отворат оние теми и прашања кои исклучиво зависат од самите новинари и од самите медиуми, и паралелно со овие активности да се изврши притисок и да се адресираат прашањата кои што се во надлежност на институциите на државата а имаат влијание врз создавањето на амбиентот и условите во кои функционираат и новинарството и медиумите.“

Од неодамнешните протести на новинарите и медиумските работници

Се покажува дека постои голем политички притисок врз медиумите и новинарите, вели комуникологот Биљана Петровска:

„Со цел да се зауздаат буквално медиумите и да се насочат кон еден правец како тие би требало да работат онака како што и одговара на власта што буквално не е добро и буквално не води напред кон демократските процеси и европската интеграција.“

Американскиот помошник државен секретар Филип Рикер исто така изрази загриженост за, меѓу другото, и слободата на медиумите. И покрај тоа што Рикер ја даде изјавата по средбата со премиерот Груевски, во владиното соопштение се наведува дека најмногу се разговарало за спорот со името со Грција. Останува отворено прашањето како власта ќе реагира на се` побројните забелешки од меѓународната заедница за слободата на медиумите, бидејки од Владата порачуваат информации да се бараат од повеќе надлежни министерства. Може да реагира законодавството, смета комуникологот Петровска:

„Но, секако на секој можен начин се гледа да се елиминираат сите оние луѓе кои што се практично вклучени во медиумскиот простор, се се прави некако тајно, надвор од медиумските работници, се носат закони, но не се направени од практичари.“

За загрозување на слободниот печат во земјава се огласија и ОБСЕ како и Меѓунаросната федерација на новинари. Во јуни Европсдката комисија ја потсети македонската влада дека слободата на медиумите и слободата на изразување се фундаментални права и основа на демокртатските општества.
XS
SM
MD
LG