Достапни линкови

Не е до долговите на САД и ЕУ, полошо е


Светот мора да работи заедно за да се одбрани од нова рецесија. Проблем е што му недостига оружје, се наведува во коментарот објавен во весникот Тајмс во кој се прави обид да се одговори на прашањата: Кои се причините за најновите падови на финансиските пазари и како да се излезе од кризата?

Како и обично во економијата, постојат многу одговори за причините и последиците од новата криза.

Сепак, најчесто спомнуваните два, кризата во еврозоната и американското губење на највисокиот кредитен рејтинг, се скоро целосно погрешни, се наведува во коментарот објавен во весникот Тајмс.

Одлуката на Стандард и Пурс да го намали американскиот рејтинг би можело да стане ноќен кошмар за Барак Обама, првиот претседател кој претрпе такво понижување во американската историја. Или гласачите би можеле да го обвинат Конгресот кој е контролиран од Републиканците?


Какви и да бидат политичките импликации, за професионалните инвеститори падот на кредитниот рејтинг не беше ништо друго освен мала шега. Таканаречените рејтинг агенции, кои навистина се трговски компании, се посрамотија со конфликт на интереси за време на хипотекарната криза кога наплатија стотици милиони долари за да дадат рејтинг од три А и тоа по државните обврзници кои веднаш пропаднаа.

Како резултат на тоа, нивните изјави веќе немаат вистинско влијание врз пазарите. Тоа беше потврдено во понеделникот кога американското министерство за финасии уживаше во кратењето на каматните стапки што треба да ги плати за своите задолжувања.

Ваквото перверзно однесување не ги изненади софистицираните инвеститори, кои подолго време заработуваат правејќи го токму спротивното од она што им го сугерираат агенциите, на пример давање кредити со ниски каматни стапки на Јапонија секогаш кога нејзиниот рејтинг беше намален од Стандард и Пурс.
Ваквото перверзно однесување не ги изненади софистицираните инвеститори, кои подолго време заработуваат правејќи го токму спротивното од она што им го сугерираат рејтинг агенциите.

Накусо, што и да ја предизвика паниката, тоа не беше стравот од падот на американскиот кредитен рејтинг. Па дали паниката е предизвикана од кризата во еврозоната и нејзиното ширење од Грција, Ирска и Португалија во Италија и Шпанија?

Пропаста на еврото ќе биде страшен настан за светската економија, но одлуката на Европската централна банка да почне да купува обврзници од италијанската и шпанската влада го одложи тоа барем за наесен.

Тогаш европските политичари ќе мора да се соочат со неизбежната одлука која ја одлагаат уште од почетокот на кризата: да го демонтираат еврото или да креираат целосна фискална федерација. Но, овие причини за кризата не се единствени. Најважните се најновите лоши статистики за американската економија која не се развива според предвиденото. А парализата во Вашингтон не остава многу можности за заздравување на другите економии во светот.


Минатата недела само Јапонија и Швајцарија се обидоа да сторат нешто за стабилизирање на финансиските пазари со тоа што ги ослабија нивните валути и го поддржаа доларот. Но, за да успее таквата мерка е потребна целосна глобална соработка.

Без тоа, светот само може да се надева на обнова на довербата во бизнисот и купувањето. Порано или подоцна, приватниот сектор ќе заздрави и ќе генерира економски развој.

Но, преродбата ќе биде многу долга и болна ако владите и централните банки во светот не соработуваат за да спречат уште една рецеисија, се наведува во коментарот на весникот Тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG