Достапни линкови

Полесна храна во текот на летото


Повеќе овошје, зеленчук и многу течности, препорака од нутриционистите за полесно да се издржат високите температури.

Со овошје и зеленчук, повеќе течности и помалку месо... Вака поголемиот број граѓани се исхрануваат во летните денови. Граѓаните кои ги прашавме велат дека внимаваат колку и како се хранат, преферираат повеќе вода и полесна храна. Месото велат тие, ретко е на нивното летно мени.

„Салати, јогурт.“
Течности, јадеме овошје, лубеници.

„Лубеници, овошје, зеленчук, полесна храна.“

„Течности, јадеме овошје, лубеници.“

„Повеќе супи внесуваме и полесна храна.“

И нутриционистите препорачуваат повеќе овошје и зеленчук, исклучиво во претпладневните часови. Повеќе варива и салати. Велат дека треба да се пие најмалку два литри течности на ден, а појаснуваат дека ваквиот вид исхрана ги задоволува нутритивните потреби на организмот.
Повеќе супи внесуваме и полесна храна.

Многу течности, препорачуваат здравствените работници

„Многу е важно како во текот на денот ќе ги примиме сите тие нутритиви за да апсорбираме се што ни е потребно со што би направиле и ревитализација на самиот организам, што значи дека овошје никогаш не се конзумира во попладневните часови затоа што никакви корисни состојки од овошјето не влијаат навечер, затоа што самиот организам е навикнат да ги апсорбира во претпладневните часови“, изјави нутриционистот Тања Турунџиева.

Таа додава дека треба да се одбегнува мрсна, зачинета, пржена храна. Наместо тоа, на нашето неделно мени треба да има риба.
Многу е важно како во текот на денот ќе ги примиме сите тие нутритиви за да апсорбираме се што ни е потребно со што би направиле и ревитализација на самиот организам.

„Никако да не се прејадуваме, секогаш кога ќе ни биде најслатко да прекинуваме со јадење затоа што оптеретувањето на организмот посебно во текот на летните високи температури може да има рефлексии.“

Лекарите потсетуваат дека во услови на високи температури, можна е појавата на труења со храна и цревни заразни заболувања.

Министерството за здравство упати препораки со кои се намалува ризикот од небезбедна храна. Дел од нив укажуваат на потребата од добро подготвена храна и нејзино чување во фрижидер, потоа задолжително миење на земјоделските производи пред нивната употреба, избегнување производи кои не се термички обработени, како и внимателно конзумација на сладолед и разни кремови.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG