Достапни линкови

Соживот по Рамковниот


Колку една деценија по потпишувањето на Рамковниот договор, соживотот меѓу етничките заедници е реалност?

Охридскиот Рамковен договор со неговото потпишување пред десет години ја постигна основната цел. Конфликтот заврши и настапи мир и
Сега во оваа година и пол можам само да се фалам, се враќа соживотот меѓу народот, таа дружба и многу ми е мило што веќе не се разликуваат, не се делат луѓето меѓу себе, без разлика се излегува заедно, луѓето си имаат заеднички муабет, се шалат, си седиме, си уживаме...
стабилност во земјава. Но, се поставува прашањето како на терен функционира нашето мултиетничко општество. Со Рамковниот договор се запечатија правата на малцинствата, но колку тој успеа да ги зближи сите етнички заедници или да ги разедини. Колку навистина во изминативе години функционира соживотот или се уште постои поделеноста во општеството? Старата чаршија е едно од местата во Скопје каде може да се сретнат граѓани од сите националности, а во последно време се повеќе заживува со отварањето на разни кафулиња, каде и младите се почесто навраќаат. Џемаил Адеми веќе 23 години работи во една од кафеаните во чаршијата. Таму како што вели тој националноста не е важна. Сите работат заедно, а бизнисот во последната година ипол се развива. Полека се враќа стариот сјај и атмосферата меѓу луѓето без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци или припадници на другите етнички заедници.

Во Старата чаршија националноста не е важна

„Сега во оваа година и пол можам само да се фалам, се враќа соживотот меѓу народот, таа дружба и многу ми е мило што веќе не се разликуваат, не се делат луѓето меѓу себе, без разлика се излегува заедно, луѓето си имаат заеднички муабет, се шалат, си седиме, си уживаме...“


Занаетчијата Јове кој се занимава со продажба на крзна вели дека токму богатството и убавината на чаршијата е поради тоа што има еснафи, занаетчии, дуќанџии и кафанџии од сите етнички заедници.

„Едно нешто ќе ви кажам, една убава вазна со разни ружи е многу убав букет, така е со нашата скопска чаршија. Различни етникуми, со свои обичаи и свои видувања и кога ќе ги споиме традициите, кога ќе седнеме да разговараме, толку е убаво. Ние тука тоа не го чувстуваме, кога седиме, кога разговараме, дали зборувам за Ибро, со Ахмет, не е битно, јас само ги делам луѓето на добри и лоши.“

Чаршијата е еден од позитивните примери на соживот, кој може да се оствари меѓу сите припадници на етничките заедници во земјава. Но
Едно нешто ќе ви кажам, една убава вазна со разни ружи е многу убав букет, така е со нашата скопска чаршија. Различни етникуми, со свои обичаи и свои видувања и кога ќе ги споиме традициите, кога ќе седнеме да разговараме, толку е убаво. Ние тука тоа не го чувстуваме, кога седиме, кога разговараме, дали зборувам со Ибро, со Ахмет, не е битно, јас само ги делам луѓето на добри и лоши.
меѓуетничката толеранција се покажа дека може да биде нарушена, како што беше во случајот со инцидентот на Кале за изградбата на музејот-црква. Претседателот на невладината организациии Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци, Владо Димовски вели дека потпишувањето на Рамковниот договор придонесе само за смирување на ситуацијата и завршување на конфликтот во 2001 година во Македонија. Она што се случуваше во изминатите 10 години од неговото воспоставување на ги подобри меѓуетничките односи во земјава, вели тој.

„Ние имавме градење на доверба по потпишувањето на Рамковниот договор, па потоа имавме добри меѓуетнички односи, па во последниве четири-пет години имаме влошување на меѓуетничките односи, се до ден денес. Така што сметам дека Рамковниот договор не е документ кој може да ги подобри меѓуетничките односи, тој е политички договор за смирување на ситуацијата во Македонија и договор меѓу политичките партии.“

Градење на доверба по Рамковниот договор

Димовски смета дека постојат предрасуди и стереотипи меѓу различните заедници во земјава, кои нема да бидат заборавени и во иднина и она што е регулирано со некаков документ не е гаранција дека ќе ја зголеми толеранцијата меѓу нив.

„Тоа се политички договори и документи, инаку соживотот во Македонија секогаш бил на едно задоволително ниво, помеѓу граѓаните и сметам дека така треба и да продолжи.“

Колку Рамковниот договор придонесе за зголемување на довербата меѓу заедниците?

И професор Мирјана Малеска вели дека договорот донесе мир и граѓаните за ралика од моментот на неговото потпишување сега го разбираат и прифаќаат. Но, дали тоа придонесе да се зголеми довербата меѓу заедниците и да се елеминира стравот, сепак е потребно повеќе време, бидејќи тоа е долгорочен процес и договор меѓу елитите.

„Да се изгради поголема доверба помеѓу самите заедници треба многу повеќе и треба многу да се вложува и треба да не се занимаваме толку со минатото, затоа што тоа ни попречува да гледаме во иднината. Затоа е подобро да се концентирираме на тоа кои се вредностите што не обединуваат, а има такви.“
Тоа се политички договори и документи, инаку соживотот во Македонија секогаш бил на едно задоволително ниво, помеѓу граѓаните и сметам дека така треба и да продолжи.

Наместо да ги гледаме работите кои не поврзуваат, Македонците се разединуваат со другите заедници, додава Малеска.

„Како резултат на една политика која што сега се води кон нас, кон историјата, кон самопотврдување, кон се она што практично не одалечува од другите заедници во Македонија. Прашајте ги Албанците, Турците или Ромите, сигурно не им е право колку внимание, средства и колку труд се вложува за да се докажеме ние Македонците кои сме и што сме пред светот.“

Џабир Дерала од невладината организација Цивил вели дека меѓуетничките односи во едно општество неможе да се регулираат само на хартија. Се разбира дека системот е одговорен за спроведување на одредени мерки за заштита на правата на сите етнички заедници. Но,
Охридскиот договор наместо да ја оствари својата цел да ги зближи сите народности, тој служеше како алатка за политички пазарање.

„Во таа смисла кога имате еден договор од таков тип навистина и комплексен меѓутоа и едно одлично решение според мене, кога тоа се користи како алатка за политчки натпревар, односно за пазарање, а не искрено и доследно спроведување негово, тогаш тоа може да влијае негативно на односите меѓу луѓето и заедниците.“

Ги злоупотребуваат ли меѓуетничките односи, политичките елити?

Според Дерала договорот не само што не придонесе за јакнење на довербата, туку често е тема и повод за нетрпеливост меѓу нив, како на пример рамноправната застапеност на заедниците во јавната администрација.

„Кога тоа го правите на вештачки начин колку да исполните некоја бројка, веднаш на едната заедница и нанесувате повреда со тоа што на некој начин ќе ја понижите, а другата заедница на тоа гледа како на неправична повластеност на одреден дел од општеството или популацијата. Затоа, наместо да постигнете некоја правичност и почитување на човековите права и слободи, вие имате
Да се изгради поголема доверба помеѓу самите заедници треба многу повеќе и треба многу да се вложува и треба да не се занимаваме толку со минатото, затоа што тоа ни попречува да гледаме во иднината. Затоа е подобро да се концентирираме на тоа кои се вредностите што не обединуваат, а има такви.
спротивен ефект и ја продлабочувате сегрегацијата.“

Кафеанџијата Адеми вели дека се случува во секојдневната комуникација да има несогласувања но тоа не е нешто што би довело до расправија или пак нарушување на меѓетничките односи.

„Неможе да нема. Некој ден мора да има, само се трудиме да се усогласиме на мирна база, на мирен, на добар јазик, со кој што се се решава.“

Според занаетчијата Јове нормално е понекогаш да дојдат до некоја расправија, но тоа е во границите на нормалата и тоа е составен дел од пријателството.

„Па ние тука сме за да се дружиме, за да живееме, за да го развиваме нашето општество и да се дружиме, колку можеме да бидеме подобри еден со друг, е сега нели нормално е како и секој, како и дома, ама тоа е се во рамки на разбирањето, така што мислам дека никогаш немало некој посериозен конфликт.“
Ако меѓуетничките односи во Македонија некој во моментов или во овие години од потпишувањето на Охридскиот договор па наваму, ги расипува тоа е токму политичката елита на едната или другата страна, условно кажано на етничките барикади. Затоа сметам дека граѓаните од било која етничка заедница во Македонија имаат многу поголема отвореност, поголема почит кон различното отколку што тоа им е овозможено во некои системски, општествни рамки.

Граѓаните сакаат да ги премостат разликите кои ги имаат со другите етнички заедници, но им треба некој што ќе ги поттикне, вели Димовски.

„Граѓаните секогаш се расположени за дебати, да дискутираат односно меѓуетничките односи, верските разлики, традиции, обичаи итн, преку сето тоа се гради и меѓуетничкиот соживот.“

Според Дерала на локално ниво етничките заедници имаат поширок и поискрен приод, како и капацитет за живот во хармонија и со почит едни кон други, отколку што тоа го прави политиката.

„Ако меѓуетничките односи во Македонија некој во моментов или во овие години од потпишувањето на Охридскиот договор па наваму, ги расипува тоа е токму политичката елита на едната или другата страна, условно кажано на етничките барикади. Затоа сметам дека граѓаните од било која етничка заедница во Македонија имаат многу поголема отвореност, поголема почит кон различното отколку што тоа им е овозможено во некои системски, општествни рамки.“

Дерала смета дека од една страна може да видиме дека граѓаните од различни етнички заедници во одредени сегменти пројавуваат високо ниво на толеранција, но во други сегмети во нивните односи има сериозна затвореност и исплашеност, како и потценуцвање и предрасуди. Кон тоа многу силно придонесува воопшто политичката култутра и атмосфера, која е генерирана од структурите на моќта во земјава, вели тој.

„Граѓаните многу често ги гледаме во една подвоена улога, од една страна се многу отворени кон другата заедница, кон другите, поинаквите, а од
друга страна во некои битни моменти кога навистина треба да покажат отвореност и граѓанска свест, тука се многу традиционални, ако треба поблаго да го изразам тоа, а да не кажам поостро, заостанати и назадни.“

Мултиетничко општество преку промена на менталниот склоп на политичарите

Димовски вели за да се развие мултиетничкото општество, најпрвин треба да се промени менталниот склоп на политичарите.

„Од нашите активности кои ги имаме на терен, се гледа дека граѓаните се секогаш подготвени да ги премостат сите разлики кои се појавуваат меѓу етничките заедници, но секогаш им треба некој двигател за да ги повика, да седнат да разговараат околу меѓуетничките односи, верските разлики итн, бидејќи сето тоа дава добар одек и кај останатите граѓани.“

Јове вели дека токму политичарите се тие ки најмногу влијаат на односите меѓу заедниците во македонското општество, но тие треба самите да сфатат дека треба сите заедно да живеат во мир и слога.

„Тие повеќе делуваа негативно, отколку позитивно, во однос на самата друбжа меѓу луѓето. Мораме самите ние да си ставиме некои чипови во глава дека едно сонце, едно небо, еден господ, како велат старите, неможеме тоа да го делиме, создадени сме тука и треба заеднички да го делиме доброто и злото ако сакаме иднина.“

Адеми пак не сака ни да помислува на 2001 година и конфликтот, бидејќи тогаш за разлика од сега сликата на чаршијата била многу поинаква.

„Се знаеше тогаш беше просто страв да поминеш низ чаршија, четири-пет часот се беше затворено, не осветлено, просто страв да ти е да поминеш. Додека сега во ова време е подобро.“

Според Димовски мостот на поврзување најпрвин би требало да го поминат политичките партии и нивните лидери.

„Во моментов тоа го работат невладините организации, но невладините организации не се тие кои би наметнале свој поголем авторитет кај граѓаните, граѓаните сепак повеќе им веруваат на политичарите, отколку на невладините организации.“

Граѓанскиот сектор преку неговата работа според Дерала изврши влијание и отвори сензитивни теми на меѓуетнички план, со што некои од нив делумно и се решија. Но, политичките елити немајќи капацитет да се справат со реалните проблеми на граѓаните успеваат да ги вратат чекор наназад меѓуетничките односи.

„Тие прибегнуваат кон картата на јакнење на национализмот, јакнење на националшовинизмот, па и на продлабочување на меѓуетничките јазови и предизвикување тензии и во голем број случаи сигурно тоа го прават намерно за да може да покријат други продукти на нивната неспособност.“

Според Малеска секогаш има простор за подобрување на односите меѓу заедниците во едно поделено општество.
Во македонското општество тоа мора да биде приоритет на секоја политика, меѓуетничките односи мора да бидат приоритет, бидејќи се чувстува таа отуѓеност, треба време за да се надмине недовербата меѓу некој што зборува на македонски, албански или турски

„Не треба многу да идеализираме околу тоа дека незнам какво единство можеме да постигнеме, но сигурно дека можеме поголемо единство да постигнеме од она што сега е постигнато.“

Малеска додава дека етничките мешани заедници се тие кои се најзагрижени за мирот и стабилноста во земјата и за надминување на нивните стравови, а за да се дојде до тоа потребна е многу работа.

„Во македонското општество тоа мора да биде приоритет на секоја политика, меѓуетничките односи мора да бидат приоритет, бидејќи се чувстува таа отуѓеност, треба време за да се надмине недовербата меѓу некој што зборува на македонски, албански или турски.“

Јове и Џемаил велат дека чаршијата станува место каде што можат да се дружат сите луѓе без разлика на етничката припадност. Чаршијата за нив е еден симбол на толеранцијата на различности која треба сите да ја увидат и да ја почитуваат, а политичарите да се прошетаат низ неа и нешто позитивно да научат.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG