Достапни линкови

Партизирана администрација


Влада на РМ
Влада на РМ

Најавите за нови вработувања, се во спротивност со заложбите за реформи и европеизација на администрацијата, сметаат експертите.

Гломазна и партизирана јавна администрација која се користи како мегаломански инструмент за реваншизам после избори. Ова се мислењата на упатените кои ги консултиравме за јавната администрација која во периодов повторно се актуелизира со најави за нови вработувања, посебно по рамковна линија. Најголем проблем според политикологот Назми Малиќи е партизираноста на ова тело:

„И се разбира кога постои таков однос на вработени се појавуваат проблеми во менаџирањето и во организацијата на системот затоа што
И се разбира кога постои таков однос на вработени се појавуваат проблеми во менаџирањето и во организацијата на системот затоа што секој по некој партиски задачи е влезен во тој систем.
секој по некој партиски задачи е влезен во тој систем.“

Од власта најавуваат промена на критериумите за прием на нововработени во администрацијата како и построги критериуми за работење. На прашањето дали со овие реформи ќе се реши проблемот со партизацијата, Малиќи потсетува дека со претходните најави немало драстични промени.

„Досега таквите реформи што беа најавувани повеќе го зголемија степенот на партизација отколку што се зборуваше за некаков професионализам, па можеби е крајно време.“

Најавите за европеизација на јавната администрација се судираат со партизирањето, смета политикологот Соња Стојадиновиќ:


„Во споредба со критериумите на ЕУ според нивниот начин на функционирање на администрацијата, се поклопува и допирна точка се само законите и подзаконските акти, без систематизацијата бидејќи нашата волја да ја направиме администрацијата буквално во сите рамки, во целата слика да ја преклопиме европската администрација со нашата администрација, значи да биде иста, се судира со партизирањето.“

Европа бара мала ефикасна, но и компетентна администрација, вели Стојадиновиќ и дополнува:
Секоја година, секоја промена на изборите добиваме партиски реваншизам преку администрацијата и наместо да се сменат, првите и вторите ешалони ние одиме до последните ешалони.

„Секоја година, секоја промена на изборите добиваме партиски реваншизам преку администрацијата и наместо да се сменат, првите и вторите ешалони ние одиме до последните ешалони, одиме до писари и до чистачки и тука веќе добиваме мегаломан врз мегаломан. Старата мегаломанска администрација ја менуваме со нова мегаломанска администрација, менуваме нови партиски војници и тука се губи и континуитетот, се губи и професионализмот, се губи и компетентноста.“

Инаку министерот за јавна администрација, Иво Ивановски, во интерву за печатот изјави дека „барањата што секоја година доаѓаат од ЕУ исто така наметнуваат нови вработувања за да се подобри ефикасноста“. Се проценува дека од народните пари живеат 120 илјади административци.
XS
SM
MD
LG