Достапни линкови

Десет години Рамковен договор


Потпишувањето на Охридскиот договор пред десет години.
Потпишувањето на Охридскиот договор пред десет години.

Постигната ли е основната цел на Рамковниот договор, десет години од неговото потпишување?

Целосно и безусловно отфрлање на употребата на насилство за остварување на политички цели, како и целосно сочувување на мултиетничкиот карактер на Република Македонија. Ова се само дел од основните принципи кои се наведени во Охридскиот рамковен договор, кој беше потпишан пред 10 години. Каде е Македонија по една деценија? Политиколозите велат дека основната цел на договорот е постигната и во Македонија е мирно. Но, дали сите одредби на договорот се остваруваат според замислата?

Дали одредбите од Договорот се остваруваат според динамиката?

Меѓу останатите одредби на Рамковниот договор се и развој на децентрализирана власт, недискриминација и правична застапеност и изразување на идентитетот. Како стојат работите по една деценија? Постигнат е мирот, а околу динамиката може да се дискутира, смета првиот човек на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор Муса Џафери во неделното интерву на Радио слободна Европа.

„Прво, ако тоа функционираше 10 години на што сме сведоци значи централно, суштински и што е најглавно Охридскиот договор ја врши таа улога, се постигна мирот. Ние можеме да имаме расправа, но треба да бидеме отворени за тоа дали таа динамика за спроведување на Рамковниот договор беше задоволителна, брза, ефикасна или не? Тука има простор и ќе има.“

Од време на време, разгорување на меѓуетничките тензии по политичка потреба?

Од граѓанскиот сектор забележуваат дека покрај тоа што договорот ја остварил основната цел, документот се има претворено во субјект за политичко препукување, констатација со која се согласуваат и дел од политиколозите кои ги консултиравме.

Завршувањето на воениот конфлит во 2001 година како и разоружувањето на ОНА, кога беа собрани над 3.000 парчиња оружје директно можат да се врзат со потпишувањето на Рамковниот договор, смета Џабир Дерала од „Цивил“.

„Тоа е одличен почеток, впрочем целиот Охридски договор како што е замислен, претставува одлична, успешна приказна меѓутоа како договор и како први чекори по него, меѓутоа морам да кажам дека многу други димензии на Охридскиот договор се уште не се почитуваат, односно се уште не се спроведени.

РСЕ: На тоа парче хартија што се потпиша се гледаше како на едно решение на затегнатите меѓуетнички односи, меѓутоа во последно време сме сведоци дека тие тензии повторно се подгреваат. Инцидентот на Кале, па да не ги споменуваме и социјалните мрежи каде што се уште јасно е забележлив говорот на омраза... Поконкретно, прашањето ми е дали може со договорот да се решат меѓуетничките проблеми?

„Охридскиот рамковен договор требаше да биде документ од кој требаше да произлезат пред се уставните промени и потоа да се донесат низа законски решенија кои требаше да ја регулираат на ниво на закон, државата на тој начин што требаше да биде граѓанска и да ги почитува правата на граѓаните и воопшто во оној огромен дел од корпусот на човековите права и слободи, правата на националните малцинства и на етничките заедници. Во таа смисла Охридскиот договор е актуелен договор, тој не би требало да се ревидира бидејќи ревидирате нешто што сте надминале, а тој воопшто не е достигнат во тие рамки во кој што нуди можности за зацврстување на еден систем, на едно општество.“

Злоупотреба за политички цели

Политичките партии го употребија Охридскиот рамковен договор по нивна проценка за добивање на политички поени, смета политикологот Исмет Рамадани:

„Односно се критикува одредена партија која е дел од власта за неостварување на тоа што е содржина, иако Рамковниот договор е дел од Уставот, посебно во делот на тоа што значи закон и донесување на закони
Не се запазени тие рокови како што се предвидени со Рамковниот договор за остварување на некои од напишаните правила, но како и да е Рамковниот договор и понатаму се употребува како политички памфлет од страна на политичките партии секогаш кога им треба да се поентира, особено во предизборните кампањи.

кои се деривати од проблемите во Уставот, но проблемот е во тоа што неговото интерпретирање партиите се разликуваат во зависност од тоа дали се во опозиција или позиција.“

Најдобро би било доколку се извлекуваат практични заклучоци за имплементацијата на одредбите од договорот, смета Рамадани и дополнува:

„Можеме да заклучиме дека сепак не се запазени тие рокови како што се предвидени со Рамковниот договор за остварување на некои од напишаните правила, но како и да е Рамковниот договор и понатаму се употребува како политички памфлет од страна на политичките партии секогаш кога им треба да се поентира, особено во предизборните кампањи.“

Рамковниот договор е важен и за евроинтеграциите на Македонија, велат упатените. Политикологот Соња Стојадиновиќ вели дека запазувањето на пропишаните одредби е битно од аспект на човековите права:

„Од аспект на евроинтеграциите, спроведувањето на Рамковниот договор е важно бидејќи тој спаѓа во поглавјето на политичките критериуми чие целосно исполнување е од суштинско значење за отпочнување на претпристапните преговори. Ако пакетот законски мерки кои произлегуваат од Рамковниот договор го регулира рамноправното застапување на немнозинските заедници во администрацијата и остварувањето на човековите права, има позитивен аспект во исполнувањето на човековите права.“

Спроведувањето на Рамковниот договор битно и за евроатлантските интеграции

Четвртиот основен принцип во Рамковниот договор се однесува на недискриминација и правична застапеност.

„Во законите со кои се регулираат вработувањата во јавната администрација ќе бидат содржани мерки со кои ќе се обезбеди правична застапеност на заедниците во сите централни и локални јавни тела и на сите нивоа на вработување во тие тела“, меѓу другото, се наведува во оваа одредба од договорот.

Дел од експертската јавност на неколку наврати забележуваше дека јавната администрација се има претворено во гломазно тело кое „влече“ народни пари. Европската унија бара мала и ефикасна јавна администрација, барање кое е загрозено со рамковните вработувања, смета политикологот Соња Стојадиновиќ:
Наместо да направиме мала и ефикасна администрација ние направивме гломазна и партизирана администрација која автоматски стана и неефикасна.

„Наместо да направиме мала и ефикасна администрација ние направивме гломазна и партизирана администрација која автоматски стана и неефикасна, а сепак ако сакаме да имаме позитивен пример во спроведувањето на еден политички договор како што е Рамковниот договор во рамки на евроинтегративните процеси, значи рамо до рамо на тие два процеси, треба да ги примениме европските стандарди на администрација и да ја намалиме партизацијата.“

Според најавите од власта, трендот на рамковни вработувања продолжува во август, месец кој се смета како најповолен за нови решенија за работа за припадници на етничките заедници. Предност ќе им се дава на Турците и Ромите. Досега оваа година биле вработени 290 Албанци. Сите во државната администрација. Сето тоа, според власта, не го оптоварува Буџетот и не е во спротивност на препораките на Европската унија за мала и ефикасна администрација. Овие најави доведоа скептицизам меѓу дел од стопанствениците, во услови кога власта најавува и одреднеи даночни олеснувања. Мендрес Кучи од Стопанската комора за Северозападна Македонија вели дека сомнително е дека ќе има раст од 3 до 5 проценти во вакви услови:

„Тие алудираат дека ќе вработуваат во нереалниот сектор односно во администрацијата. Значи ако го земеме ова, значи нови вработувања, од друга страна покачување на плати, пензии, а од друга страна намалување на одредени даноци, тогаш веќе нешто е сомнително, од каде средства за пополнување на буџетот? При тоа знаеме дека се промовира раст од 3-5% што реално значи и стапка на инфлација која се очекува да ја има нашата држава.“

Дали меѓуетничките односи меѓу младите се под закана?

Јариње, Косово. Секој инцидент во регионот одново го актуелизира прашањето за можни меѓуетнички тензии и во Македонија

По инцидентот на скопското Кале и непријателството на социјалните мрежи, дали меѓуетничките односи меѓу младите се под закана?
Инцидентот на скопското Кале, кога настанаа немири поради изградбата на црква, создадоа загриженост за состојбата на меѓуетничките односи во земјава, случај кој во јавноста доби и политика димензија со шпекулации за инволвираност на политички партии. Првата одредба на Рамковниот договор е дека целосно се отфрла насилство за остварување на политички цели“. И покрај тоа што калето не се повтори, евиденто е дека нетолеранцијата се шири на социјалните прежи. За илустрација, во една се уште активна група на „Фејсбу“ во која се повикува на убивање на припадници на етничките заедници во Македонија, членуваат над 1.700 корисници. Од тука и
Па сега тоа има секогаш и две страни, и оние кои што секогаш го заоструваат меѓуетничкиот соживот помеѓу младите и оние кои што се обидуваат да појаснат дека тој е возможен.

прашањето, ако не во реалноста, тогаш дали на интернет се интензивира меѓуетничката омраза? Зоран Илиоски од коалицијата на невладини организации „Сега“ вели дека популарно наречениот „сајбер простор“ е отворен за сите и секој може да учествува во него.

„Па сега тоа има секогаш и две страни, и оние кои што секогаш го заоструваат меѓуетничкиот соживот помеѓу младите и оние кои што се обидуваат да појаснат дека тој е возможен.“

Треба да се создадат услови за младите да се запознаат, додава Илиоски:

„Да ја спознаат културата, обичаите и убедувањата. Верувајте дека се работи за различни култури без разлика кој во какво општество, во каква средина живее тој има своја култура и затоа велам дека неопходно е да се создваат можности за младите луѓе бидејќи само на тој начин ќе научат подобро да се разбираат и така ќе научат да ги почитуваат разликите.“

Генерално, меѓуетничките односи меѓу младите се позитивни, констатира Илиоски.

„Генерално во согласност со нашите активности кои што ги правиме можеме да констатираме дека младите се подготвени да имаат соживот, да имаат соработка иако се со различна етничка припадност.“

Меѓуетничките тензии преку социјаните мрежи се актуелизираа по настанот на калето, каде тепачката настана поради изградбата на верски објект. Но црквата над Скопје е само еден од многуте монументални градби низ целата земја на личнмости од македонската историја. Од тука се поставува и прашањето дали покревањето на спомен обележја на личности од македонското минато може да создаде изразен национализам кој би бил штетен за меѓуетничките односи. На прашањето одговара Џабир Дерала од „Цивил“:

„Пренагласувањето на историјата е една работа и таа секако дека е беспредметна, ако не е штетна, кога немате иднина пред се или кога немате план што да правите за утре. Во секој случај тоа е еден проблем, меѓутоа друг проблем и уште поголем би рекол е кога историјата и историските факти се употребуваат како алатка за да се разгораат меѓуетничките тензии и тоа токму се случува во Македонија во изминатите 4-5 години.“

Минатиот викенд јавноста се крена на нозе откако лидерот на ДУИ, коалициски парнер во актуелната власт, за косовските медиуми изјави дека ако се загрози суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово, никој не може да гарантира мир во Македонија. Од неговата партија рекоа дека изјавата е дадена во својство на политичар кој вели дека не може да ја преземе одговорноста да биде чувар на мирот во Македонија. Министерството за внатрешни работи засега ја оценува како стабилна состојбата на нашите гранични премини со Косово. Нема индиции дека може да има посериозни ризици, но подготвени сме да реагираме ако е потребно, изјави портпаролот Иво Котевски.

Професор Владимир Пивоваров вели дека секогаш безбедноста треба да ја гарантира целата општестевена заедница, со оглед дека на Балканот има држави со мултиетнички состав.

„Секогаш безбедноста на границите треба да ја гарантира целата општествена заедница, ние овдека на Балканот сите имаме држави со мултиетнички состав, значи ако нема политички дијалог, како и разговор помеѓу заедниците апсолутно институциите не се во можност само со примена на сила можат да ги гарантираат границите, тоа може да биде само една брана која може во еден момент да попушти под силниот наплив на национализмот или на слични дејствија.“

Покрај се` упатените се согласуваат дека Охридскиот рамковен договор веќе една деценија се покажува како успешен модел кој ги поставил темелите на меѓуетничкиот соживот.
XS
SM
MD
LG