Достапни линкови

Построго против масовните злосторства


Американскиот претседател Барак Обама објави забрана за влез во Соединетите Држави на луѓе за кои Стејт департментот смета дека биле инволвирани во сериозни прекршувања на човековите права. Овој потег дојде заедно со новиот план на Белата куќа за превенција од геноцид и од други злосторства.

Оценувајќи дека планот ќе обезбеди Соединетите Држави да не станат засолниште за оние што ги кршат човековите права, претседателот Барак Обама прогласи забрана за влез на поединци кои биле инволвирани во систематски насилства и воени злосторства.

Забраната која стапи во сила веднаш, сепак остава простор за влез на индивидуалци кои можеби биле вклучени во воени злосторства, но чие присуство не ги нарушува американските надворешно-политички односи.

„Мислам дека станува збор за обид за примена на систематски пристап до овој вид индивидуалци и за креирање механизам што ги спречува тие да влезат во земјата. Минатата недела зборувавме во врска со Русија и веќе постои база на податоци на поединци на кои нема да им биде дадена виза“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.

Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер

Администрацијата на Обама им има издадено слични забрани на ирански официјални лица по насилното справување со демонстрантите кои протестираа против изборните резултати во 2009 година.

Санкции за патување има и за белоруската влада поради употреба на сила против продемократските демонстранти по претседателските избори во таа земја.

Овој потег на Вашингтон дојде заедно со новиот план со цел спречување и реакција на масовни злосторства и геноциди во светот.
Шеесет и шест години од Холокаустот и 17 години по Руанда, Соединетите Држави се уште немаат соодветна политичка рамка и интерагенциски механизам за спречување на овој вид злосторства.

„Тоа е основен национален безбедносен интерес и морална одговорност на Соединетите Држави“, наведува во соопштението, претседателот Обама.

Тој додава дека често владината ангижараност во спречувањето на злосторствата и геноцидите премногу доцни.

„Шеесет и шест години од Холокаустот и 17 години по Руанда, Соединетите Држави се уште немаат соодветна политичка рамка и интерагенциски механизам за спречување на овој вид злосторства“, оценува Обама.

Неговата администрација во изминативе недели беше критикувана за безгласниот одговор на масовното кршење на човековите права во Сирија, за разлика од одговорот и вклученоста на НАТО во Либија.

Вашингтон

Администрацијата смета дека станува збор за одвоени случаи кои не може да се споредуваат.

Ребека Хамилтон од Фондацијата за човекови права Нова Америка вели дека поострата политика на Вашингтон нема да биде доволна за да се спречат таквите злосторства.

„Мислам дека ако се вратиме чекор назад и погледнеме во навистина големата слика, јасно е оти и во 21 век, многу ретко американската влада има можност, сама, да запре некој диктатор да врши насилство врз сопствениот народ. Значи, прашањето е, што прави американската влада за поставување мултилатерални структури за почетна акција?,,

Хамилтон додава дека со новиот план американската администрација всушност за прв пат признава дека не правела доволно за спречување на масовните злосторства.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG