Достапни линкови

Итна седница на Советот за Безбедност за Косово


Јариње
Јариње

Советот за Безбедност го прифати барањето на Србија за итна седница, но зад затворени врати, а не јавна. По вчерашните нови насилства кога етнички Срби го запалија преминот Јариње, кој беше заземен од специјалните косовски полициски сили, во понеделникот Приштина го обвини Белград дека стои зад нападите.

КФОР соопшти дека го засилува своето присуство на граничниот премин Јариње кој синоќа беше нападнат и запален, исто како и на Брњак другиот премин меѓу Косово и Србија.
Насилството е наредено од највисоките структури на Белград.

Косовскиот Премиер Хашим Тачи, пак, ги обвини властите во Белград дека стојат зад нередите на северот од Косово и за палењето на граничниот премин Јариње.

„Организрана криминална група предводена од српски паралелни структури мотивирани од белградксите власти ги нападнаа граничните премини. Насилството е наредено од највисоките стрктури на власта во Србија“.



И покрај моменталните проблеми нема да има компромис и реципроцитетот во трговските односи меѓу Косово и Србија ќе се оствари, рече Тачи кој додаде и дека поделба на Косово нема да има.
Ќе продолжиме со напорите за ред
и мир.
Министерот во српската влада за Косово, Горан Богдановиќ, пак, изјави:

„Тоа што се случи ноќеска заслужува осуда. Сите напори што ги имавме во изминативе 48 часа се загубени. Тоа е дело на екстремисти и криминална група. Тоа не се луѓе од Лепосавиќ или Косово и Метохија. Ова не е проденес за мирот. Ние ќе продолжиме со напорите да се воспостави ред и мир тука“.

Јариње

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Кетрин Ештон, исто така ги осуди пројавите на насилство кои избувнаа во северниот дел на Косово на границата со Србија, и ги оквалификува како „неприфатливи“.

Ештон посочи дека имала телефонски разговор со српскиот претседател Борис Тадиќ и со косовскиот премиер Хашим Тачи.
Во меѓувреме, Советот за безбедност на ОН, на барање на Србија, за денеска закажа консултации „зад затворена врата“ за ситуацијата во Косово.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG