Достапни линкови

Дневен печат


„Хашките случаи помеѓу правото и политиката“, „Хашките случаи го тресат парламентот“, „Квазипатриотите во акција“ - дел од насловите во дневниците.

,,Хашките случаи помеѓу правото и политиката - автентично толкување е нож в грб на државата“ - пишува ,,Дневник,, за една од најжешките теми неделава, покрај измените на законот за јазиците и на оној за знамињата, усвоени по брза постапка во Собранието, како дел од предвладиниот договор Груевски-Ахмети. ,,Хашките случаи го тресат парламентот“ насловува ,,Утрински,, кој, истовремено, уште во насловот информира дека СДСМ ја прозива ВМРО-ДПМНЕ за лажен патриотизам. ,,Нова Македонија“ во насловот коментира дека Собранието не се сеќава што мислело кога бил донесен Законот за амнестија, а судот и
,,Хашките случаи го тресат парламентот“ насловува ,,Утрински,, кој, истовремено, уште во насловот информира дека СДСМ ја прозива ВМРО-ДПМНЕ за лажен патриотизам

Обвинителството гласно молчат. Додека сите весници информираат и за протестот на роднините на исчезнатите тетовци, за недозволувањето од страна на претседателот на Собранието Велјановски присуство на седницата и за нивната револтираност од ставањето на четирите хашки случаи ад акта, ,,Вечер“ во наслов само цитира дел од писмото на Јохан Тарчуловски до Груевски со кое бара Хашките случаи да се стопираат и да се пратат во историјата. Во врска со измените на Законите за јазиците и за знамињата, „Утрински“ пишува за ,,Квазипатриотите во акција“ наведувајќи дека Груевски го толкува Рамковниот само како меѓупартиски дил, а не како меѓуетничка основа за соживот и заеднички напредок. Проширувањето на Советот за
„Политичка врева за медиумска тишина“- насловува ,,Дневник“

радиодифузија со нови шестмина членови кои ќе ги предлагаат главно државни, што ќе рече, институции на власта, исто така си најде свое место во пишаните медиуми. „Боздоганот од Вмровскиот штаб“ - коментира во едиторијаот ,,Утрински,, споредувајќи го ова со упадот во медиумите што го направи кабинетот на унгарскиот премиер Орбан, првиот ден откако ја презеде власта во Будимпешта. „Политичка врева за медиумска тишина“- насловува ,,Дневник“, а ,,Нова Македонија“ го цитира претседателот на новинарското здружение, Насер Селмани, кој вели дека е недозволиво во земја каде што има проблем со слободата на медиумите набрзина да се менува постојниот закон без да се консултираат засегнатите страни. ,,Нова Македонија“ во наслов цитира дел од пишаната изјава на европратеникот Кацин во која упати силни критики до владата на Груевски во однос на медиумските слободи. Во ,,Вечер“ - ниту збор за ова. „Утрински“ ја коментира економската програма на новата влада на Груевски доставена до Собранието со наслов: „Многу ветувања, а малку за радување“ и прашува колку е реален силниот оптимизам за раст и за инвестиции. „Дневник“ без коментари насловува: „Груевски ветува повеќе пари и повеќе работа“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG