Достапни линкови

Малолетничка деликвенција


Насилството меѓу младите станува македонско секојдневие. Беспарицата и отуѓеноста дел од причините што ги лоцираат соговорниците.

Се повеќе млади во земјава се чувствуваат небезбедно во главниот град. Младите се понерзвозни и агресивни. Тепачките во училиштата, автобусите, ноќните клубови станаа секојдневие, велат дел од младите кои ги прашавме.

„Мислам дека се агресивни. Во Скопје е многу лошо.“

Еден од нашите соговорници неодамна бил сведок на голема тепачка во дискотека. Неговата намера да се забавува,останала во сенка на непријатната случка.

„Со боксирачи, пендраци маваа.“
Не одам каде што не е осветлено. Сум имала лошо искуство. Ми украле чанта.

Една млада девојка вели дека внимава каде и кога се движи сама низ главниот град, оти пред неколку дена била жртва на разбојништво.

„Не одам каде што не е осветлено. Сум имала лошо искуство. Ми украле чанта.“

Трендот на зголемување на ситните кражби, насилствата и малолетничката деликвенција е загрижувачки, велат експертите. Професорката Татјана Стојановска од Филозофскиот факултет вели дека постојат повеќе причини кои го предизвикуваат ваквото однесување кај младите. Највлијателни се сиромаштијата и големата невработеност кај голем дел од младата популација.


„Имате над 30 проценти невработеност и сиромаштија.Во држава каде што имате толкав процент на најгорливите економски проблеми, на некој начин е очекувано да се зголемат социопатолошките појави. “

Анкетираните велат дека финансискиот момент игра голема улога во ваквото однесување на младите.

„Финансиите.“

„Беспарицата е причина.“

„Некни едно дете, врнеше многу се качи на автобус, и вели немам пари, му велат надвор. Епа ќе има крадење.“
Толку насилство од страна на малолетници, дури имавме и згаснување на човечки живот, никој до сега не одговараше. Институциите на системот мора да си ја вршат својата
работа.


Стојановска апелира до надлежните институции навремено да реагираат на ваквите социопатолошки појави. Јавноста, медиумите, интелектуалната елита вели тааа, не смее да молчи за овие општествени девијации.

„Толку насилство од страна на малолетници, дури имавме и згаснување на човечки живот, никој до сега кривично не одговараше. Никој не одговараше во смисла строга санкција. Институциите на системот мора да си ја вршат својата работа“, изјави Стојановска.

Уште една препорака на експертите е родителите да поминуваат повеќе време со своите деца, оти трката по пари и недостигот на време да се биде со своите деца, предизвикуваат оттуѓеност и индиректно влијаат на лошото однесување на младите.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG