Достапни линкови

Како против „препишување“ научни трудови?


Заострување на критериумите за стекнување на докторски титули.
Заострување на критериумите за стекнување на докторски титули.

Препишани научни трудови, купени магистерски титули и докторати, неквалитетни и неконкуртни истражувања. Како да се стави крај на инфлацијата од титули и универзитетски звања?

Професори, студенти, автори на учебници се почесто креираат плагијати. Таков е случајот со Снежана Ставрова Веселиновска, чија докторска дисертација, нејзиниот некогашен професор Илија Димовски ја „присвоил“ и со неа конкурирал за проект пред Фондот за води. И на тој начин заедно со синот се стекнале со грант од 100 илјади евра, објаснува, универзитетската професорка од штипскиот кампус, Снежана Ставрова Веселиновска.

„Тој го фотокопира мојот докторат целосно и го приложува во Фондот за води како завршен извештај. Директорот му вели, трудот треба да биде
Постојат заблуди дека постои или дека може да се направи некаков софтвер со кои што ќе се решаваат плагијатите, што не е точно бидејќи тоа е многу креативна работа што може да ја извршат единствено најстручните рецензенти, а кога се работи за докторските работи, најкомпетентни се членовите на Комисијата, а пред се менторот.

рецензиран и кога се носи „неговиот“ проект, всушност мојот докторат да се рецензира, се паѓа на рецензија во рацете на професор Љупчо Меловски, кој што беше на одбраната на мојот докторат и тој всушност виде дека тоа е мојот докторат.“

РСЕ: Кога ја поднесовте тужбата?

„Прво пуштив кривична пријава за повреда на авторско право, се водеше судски процес и тој и неговиот син беа кривично осудени.“

По се позачестените случаи на „препишување“ на научни трудови, од Министстерство за образование најавија инсталирање на компјутерски софтвтер со кои ќе се гонат плагијаторите.

„Постојат заблуди дека постои или дека може да се направи некаков софтвер со кои што ќе се решаваат плагијатите, што не е точно бидејќи тоа е многу креативна работа што може да ја извршат единствено најстручните рецензенти, а кога се работи за докторските работи, најкомпетентни се членовите на Комисијата, а пред се менторот. Прашањето за појава на плагијат за докторска работа покажува дека потфрлил тој систем. Причината треба да се бара во претераното навлегување на приватниот сектор и на политиката во високото образование“, вели екс-министерот за образование и универзитетски професор Ненад Новковски.

Поранешниот германски министер за одбрана, Карл-Теодор цу Гутенберг остана без докторската титула и мораше да ја напушти функцијата, откако беше утвредно дека го препишал докторатот.

Во високообразовниот систем се заоструваат критериумите за стекнување на докторските титули, со барање тие да се валоризираат и со објавување на научни трудови во престижни меѓународни списанија. За таа цел МОН ќе одвојува и по 250 евра донации зашто се плаќа самото конкурирањето за европските научни публикации. Тоа би било уште еден обид да се запре со се помасовното плагијаторство.

„До 21% може да се земе од некој туѓ труд без да се цитира и тука ќе биде добредојдена најавата на Министерството за образование и наука дека
Иницијативата не може да се реализира поради тоа што за таква работа, вие треба да имате пристап до огромен број на бази на научни податоци, а тоа чини „ѓаволски“
многу.
конечно ќе се набави софтвер каде што сите кандидати, односно сите трудови ќе може да се проверат“, вели професор Јован Кекеновски.

Наспроти него, неговиот колега Владимир Петрушевски со сомнеж гледа на идејата за инсталирање софтвер кој би регистрирал кој од кого препишувал и со што го присвоил како свое научното истражување.

„Иницијативата не може да се реализира поради тоа што за таква работа, вие треба да имате пристап до огромен број на бази на научни податоци, а тоа чини „ѓаволски“ многу“, вели Владимир Петрушевски, универзитетски професор.
XS
SM
MD
LG