Достапни линкови

Кумановци за изборната кампања


Постарите кумановци се потсетуваат на изборите во минатото
Постарите кумановци се потсетуваат на изборите во минатото

Граѓаните на Куманово со критики за негативната изборна кампања на овие избори. Постарите пак, се сеќаваат на минатите избори.

Изборите завршија, како и изборната кампања исполнета со навреди и вокабулар каков што не заслужува овој народ, забележуваат граѓаните кои се сеќаваат на далечното минато кога такво нешто било незамисливо. Ѓура (78) и Илија (85) Манови, пензионирани просветни работници од Куманово се сеќаваат на нивното прво гласање пред повеќе од половина век и раскажуваат:
Одиш на гласачко место и по списокот и имаше топчиња, а не ливчиња и кутии за кого да гласаш. Земаш топче и ја спушташ раката во една кутија, дали ќе го пуштиш или не, потоа ја ставаш раката во втората кутија и на крајот ја вадиш раката и ја покажуваш празна. И готово.

„Одиш на гласачко место и по списокот и имаше топчиња, а не ливчиња и кутии за кого да гласаш. Земаш топче и ја спушташ раката во една кутија, дали ќе го пуштиш или не, потоа ја ставаш раката во втората кутија и на крајот ја вадиш раката и ја покажуваш празна. И готово.Тоа беше се“, вели Ѓура.

РСЕ: Имаше ли кампања?

„Не, не, немаше.“

Имало две кутии, едната за опозицијата, а другата за новата влада, Титовата. Луѓето од тоа време биле среќни бидејќи војната завршила, а нивната надеж била во поубава иднина.

Ѓура Манова

,,И така и испадна, за времето на Тито беше многу убаво“.

РСЕ: А какви се нашите кампањи?

„Овие наши кампањи мене ми се чини не одговараат за народот. Се бираат зборови кој може повеќе да навреди. А овој народ не е веќе прост и неписмен и тој може да расудува. И за Хитлер да се однесуваше, тоа пак ќе беше многу“, забележува Илија.
Овие наши кампањи мене ми се чини не одговараат за народот. Се бираат зборови кој може повеќе да навреди. А овој народ не е веќе прост и неписмен и тој може да расудува.

РСЕ: Можеше ли во тоа време еден да гласа за повеќе?

„Не, секој гласаше лично, освен во некои исклучоци,ако некој бил болен или слично“, раскажуваат Манови.

Тие се потсетија дека во времето на нивната младост денот на изборите бил празник.

„И самата агитација беше во тоа, килими да се ставаат на тераси, да се облечат луѓето поубаво, свечено да делува. Како празник. И народот масовно излегуваше, немаше апстиненција“, велат Ѓура и Илија.

Илија Манов од Куманово со критики за негативната кампања што ја водеа актуелните политичари

И тогаш имало незадоволни, главно биле побогатите во системот пред војната, но масовно биле за новата влада. И како што велат Манови, тогаш им било поубаво.

За младите пак, кои малку знаат за минатото, особено оние кои првпат се појавија на гласачкото место денот на гласањето бил нешто невообичаено.

„Интересно е за првпат, малку бев возбуден“, вели Аријан Јусуф кој студира во Оклахома, Америка.

Тој не знае како е во Америка кога се изборите, но според она што го видел во неговиот престој вели:

„Америка е пример за демократија и би требало да е поголема демократијата таму отколку овде“, вели Аријан.

По изборите граѓаните на Куманово како и во државава од новата влада и од парламентот ќе очекуваат ветувањата од кампањата да почнат со реализација, со надеж дека навредите и заканите во меѓусебна комуникација на политичарите нема од улиците да бидат пренесени во парламентот.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG