Достапни линкови

Неделен печат


Социјалната структура на македонското гласачко тело, битка за неопредлените гласачи - дел од темите во неделниците.

„Ќе се спаси ли корпорацискиот модел на новите богаташи“, е насловена анализата во најновото електронско издание на Глобус за социјалната структура на македонското гласачко тело. Авторот на анализата го поставува следново прашање: дали една голема партија како СДСМ ќе успее да ги привлече на своја страна пауперизираните маси, кои, според вообичаените гледишта ќе го одлучуваат скорот на изборите? Или, пак,
Ќе се спаси ли корпорацискиот модел на новите богаташи, е насловена анализата во најновото електронско издание на Глобус.
постојната владејачка гарнитура, составена од новокомонираните богати луѓе одново, трет пат по ред, ќе успее да ја продаде својата социјална демагогија кај најдолните општествени слоеви? Авторот на анализата смета дека оваа изборна битка ќе биде послоевита, затоа што во неа, за прв пат во изминативе 20 години, ќе одлучува и средната класа која токму за две децении толку нарасна и толкаво незадоволство собра во себе, што во претстојните избори гледа голема шанса за сопствена социјална реституција. Груевски и екипата ја претворија Македонија во една голема владина корпорација чии темели сепак зачкрипуваат, а социјалната база се губи! - констатира, покрај другото, Глобус.

Основен фактор за крајно решение на изборите, според Форум, се неопределените гласачи. За да победи опозицијата или изборите да бидат неизвесни, потребен е исклучително висок одзив, каде што по дифолт огромната маса неопределени би гласала опозициски, пишува неделникот во
Основен фактор за крајно решение на изборите, според „Форум“, се неопределените
гласачи.
едиторијалот под наслов „Битка за неопределените“. Авторот забележува дека според пресметките на експертите во оваа област, за СДСМ да има какви и да е шанси, одзивот на изборите треба да биде над 65 отсто. Но сосема е нереално да се очекува таков висок одзив, многу е поверојатно таа бројка да биде под 60 отсто, што ја прави идната владина коалиција сосема предвидлива, прогнозира Форум.

Фокус се занимава со најновата афера што владејачката партија предизборно ја пушти во оптек: непријавениот имот на сопругата на Црвенковски, Јасна. Па со иронија пишува: „Веднаш по доаѓањето на власт, Груевци открија дека Б.Ц. нема сметки во банките на бившите Ју-републики!? Но затоа, допрва се фатија за хрватскиот плац на Јасна Бранкова купен во 1979-та. Кај да е, пилиштарците од нивната партија ќе почнат да не' убедуваат дека Бранко бил главен фраер и во СФРЈ, а Тито само лажно се претставувал за маршал!“ - подбивно заклучува авторот на уводникот во Фокус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG