Достапни линкови

Охридскиот тркалезен сунѓер заштитен знак на Езерото


Охридскиот тркалезен сунѓер
Охридскиот тркалезен сунѓер

Охридскиот тркалезен сунѓер станува се попознат во јавноста откако на Меѓународнот ден на биолошката разновидност беше промовиран од охридските нуркачи и општината.

Ендемичниот реликтен Охридски тркалезен сунѓер, чие живеалиште од секогаш единствено е Охридското Езеро, дури сега станува познат во јавноста, откако локалната самоуправа и охридските нуркачи го изложија пред граѓаните и гостите по повод меѓународниот ден на
Се надеваме дека после оваа негова промоција, и тој ќе биде еден заштитетен знак на Охридското Езеро, како што досега
беше охридската
пастрмка.
биолошката разновидност.

Сунѓерот со жолто-бела боја и кадифест изглед на морски еж без боцки, кој живее на длабочина од 30 до 120 метри, со крупни димензии и дијаметар во основата од 13 сантиметри, обично е зацврстен на празни остатоци од школки, карпи или камчиња, се размножува преку целата година, постои во симбиоза со охридските ракчиња и како автохтон животински вид целосно се разликува од другите сунѓери кои живеат во поплиткиот дел од Охридското Езеро.


„Ова е прастар облик на сунѓер, многу одамна постои, езерото е старо од четири до шест милиони години, а меѓу најстарите облици што живеат во него е Охридскиот тркалезен сунѓер со латинско име Ochridaspongia rotunda. Тој не и е познат на пошироката јавност, меѓу најнепознатите облици е поради тоа што живее на поголеми длабочини и го гледаат само нуркачите, кои можат да го фотографираат, снимаат, да го извадат. Овој проект всушност беше за
Гледате како печурки распространет секаде го има сунѓерот, што е одлична, многу интересна глетка, што е добро за подводна фотографија, за снимање под вода.
популаризација на охридскиот тркалезен сунѓер и се надеваме дека после оваа негова промоција, и тој ќе биде еден заштитетен знак на Охридското Езеро, како што досега беше Охридската пастрмка“, вели Јасминка Трајковска-Момироска од секторот за заштита на животната средина во општина Охрид.

„Кога ќе слезете долу во езерските длабочини на температура од осум степени, гледате како печурки распространет секаде го има сунѓерот, што е одлична, многу интересна глетка, што е добро за подводна фотографија, за снимање под вода.
Нам како нуркачи ни претставува големо задоволство и доста интересно доживување е секое нуркање покрај Охридскиот тркалезен сунѓер. Него го има речиси секаде во Охридското Езеро, на длабочина поголема од 35 метри, но повеќе е сконцентриран на карпестиот дел дел на потегот од плажата Градиште кон манастирскиот комплекс Свети Наум, каде го има во колонии по 20-30, некаде и по 50 сунѓери на едно место“, вели меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секуловски-Мичо од нуркачкиот центар Амфора во Охрид.

Охридскиот тркалезен сунѓер, кој е интересен за граѓаните, учениците и туристите, по првичната промоција со флаери и аквариум на градскиот плоштад, чека на посериозен зафат за негова популаризација, кој како раритетен до сега непознат охридски бренд, може да ја збогати туристичката понуда, посебно со нуркачкиот туризам на Охридското Езеро.
XS
SM
MD
LG