Достапни линкови

Ваши коментари


Согласување, но и на критики на нашите теми меѓу коментарите од слушателите на темите кои ги обработуваме.

Николче од Окланд мислел дека, како што пишува, нашата влада израчунала средна плата од 21.000 денари и смета дека нашиот текст со наслов „Минимален минималец“ се безобразни и брутални лаги.

Истиот Николче, прилогот „Преживување“, го коментира со ироничен восклик: „Идеален разлог, вели, за дефиле кроз триумфалната капија“.
Македонец од Македонија вели дека државава успешно ги исполнувала сите реформи на патот кон ЕУ и дека за почнување преговори е блокирана од една членка на Унијата и од, како што пишува, странските пропаганди инсталирани во Македонија.

Нашата анализа за долготрајниот, поточно маратонскиот пат кон евроинтеграциите, кон ЕУ, предизвикал тројца наши слушатели да го коментираат. Јас, ама не јас, почитувани, туку „Јас“ од „Негде“, кого веројатно го боли вистината, смета дека прилогот е, како што пишува, „проѕирен грчки памфлет“. Македонец од Македонија вели дека државава успешно ги исполнувала сите реформи на патот кон ЕУ и дека за почнување преговори е блокирана од една членка на Унијата и од, како што пишува, странските пропаганди инсталирани во Македонија. Таков е и вашиот медиум, пишува лутиот Македонец од Македонија. Тој исто така смета дека Македонскиот центар за европско образование бил кочничар на патот на Македонија кон ЕУ и заговарал промена на името под притисок на грчката фашистичка политика. Не сакаме да полемизираме со овој слушател, но, како што забележувате, Радио Слободна Европа ги објавува сите ваши коментари почитувајќи го правото на лично мислење.

Поскапувањата најмногу ги „болат“ нашите читатели.

Затоа, пак, Цими, кој не напишал од каде е, вели вака: „Со Груевски никогаш во ЕУ, треба прво да ги исправи нозете“.

Инаку според бројот на посетители на нашиот вебсајт, најпопуларен е прилогот што во насловот има прашалник: „Со седум гласа пратеник од дијаспората?“.
Цими кој не напишал од каде е, вели вака: „Со Груевски никогаш во ЕУ, треба прво да ги исправи нозете“.


Прилогот „Европска гангстерска лига на шампиони“, каде што се наведува забелешката на Европол дека зголемениот шверц и многубројните илегални балкански рути доведоа до формирање на балканска оска за шверц до ЕУ и кон ЕУ - е втор според популарноста.

На нашата веб-страница веќе извесно време постои и анкета со прашањето кого сакате за нов премиер на Македонија. 60 проценти го сакаат повторно Груевски за премиер, а нешто малку над 27 проценти ја сакаат Радмила Шеќеринска. За Али Ахмети се изјасниле 1,4 проценти од нашите слушатели.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG