Достапни линкови

Мал напредок на лидерската


Иако без конкретни резултати, за експертите, вчерашната лидерска средба е позитивен исчекор бидејќи разговорите тргнаа од мртвата точка.

Епилогот по шестчасовните разговори на лидерската средба кај претседателот Ѓорѓе Иванов е две условно прифатени барања на СДСМ, кои доколку партијата не оди на предвремени избори владата нема да ги прифати. Постигнат е мал напредок, но опозицијата и натаму си стои на своето, не се враќа во Собранието се додека не бидат исполнети сите нејзини предуслови.

За експертите позитивно е и тоа што лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ,
Многу е лоша состојбата, многу претсрано сме опседнати со нив, а неможеме ништо да
направиме.
Нова демократија и ДУИ се сретнале и разговорите тргнале од мртвата точка, но сепак непостигнувањето на договор за решавање на политичката криза е знак дека тие и натаму на прво место ги ставаат партиските интереси.
Граѓаните велат дека станале заложници на политичарите, чија основна цел е само да победат на избори.

„Немаме корист ниту од оваа, ниту од онаа партија, никој не дава работа, не помага, ништо... Гласај за овој, гласај за оној, ништо. Ако не си од нивната партија нема ни да работиш.“

„Исто ми се фаќа мене и за Груевски и за Бранко.“
Само за себе мислат, а воопшто не мислат за народот.


„Воопшто не верувам веќе во политичари.“

„Само за себе мислат, а воопшто не мислат за народот.“

„Многу е лоша состојбата, многу претерано сме опседнати со нив, а не можеме ништо да направиме.“

За утре претседателот Иванов закажа нова лидерска средба

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека е добро што средбата завршила со некаков резултат, но доколку на партиските лидери приоритет им биле граѓаните, реториката меѓу нив би била поинаква.

„Добро е што се сретнаа, па две барања, две барања, тоа е сепак почеток. Мислам дека е жално што целиот овој процес на договарање го подредиле на своите политички интереси,
Добро е што се сретнаа, па две барања, две барања, тоа е сепак почеток. Мислам дека е жално што целиот овој процес на договарање го подредиле на своите политички интереси, дневната политика и мерење на ’мускули‘ и за жал ние граѓаните сме така некако заглавени во целиот тој процес и мораме да го
трпимe.
дневната политика и мерење на ’мускули‘ и за жал ние граѓаните сме така некако заглавени во целиот тој процес и мораме да го трпиме.“

Според професор Здравко Савески, нивото на комуникација меѓу власта и опозицијата е драстично опаднато во последните неколку години и тие не покажуваат волја за договор, што значи и дека нема да ги решат проблемите.

„Мора притоа да сфатат и владата и опозицијата дека имаат одговорност и за иднината на Македонија и за демократијата во Македонија и дека ова што тие го влечат како потег има штетни последици, особено за демократските процеси во нашата земја и оттука треба да си го преземат своето ниво на одговорност.“

Нова лидерска средба на која домаќин повторно ќе биде Претседателот е закажана за утре попладне.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG