Достапни линкови

Грчко-македонски економски односи


Економијата да се издигне над политичкиот проблем, порачуваат експертите
Економијата да се издигне над политичкиот проблем, порачуваат експертите

Смешна манипулација со бројки. Иако економската соработка е длабока и сериозна, политичарите се плашат да ја подобрат истата, заклучок на експертите од двете земји.

Македонија и Грција имаат сериозна и добра економска соработка, но политичарите се плашат да ја зголемат и подобрат истата, сложни се економските аналитичари од двете земји. И македонските и грчките експерти кои присуствуваа на дебатата што ја организираше Центарот за економски анализи велат дека двете земјите треба да работат врз
Откако двете страни почнаа да сфаќат дека експанзијата на економските односи може да се толкува како знак за преголема зависност и губењето на националниот суверенитет и слично, па, ако може така да кажам, двете земји почнаа да се однесуваат смешно, почнаа да манипулираат со бројките.
издигнување над политичкиот проблем за подобрување на македонско-грчката трговска размена.

Грчкиот професор по меѓународна трговија Христос Никос вели дека еден од проблемите во билатералните економски односи е тоа што политичарите почнаа да ги злоупотребат статистичките податоци од соработката, откако пред 10-тина години се покажа дека има експанзија во трговската размена.

„Откако двете страни почнаа да сфаќат дека експанзијата на економските односи може да се толкува како знак за преголема зависност и губење на националниот суверенитет и слично, па, ако може така да кажам, двете земји почнаа да се однесуваат смешно, почнаа да манипулираат со бројките. Ако ги погледнете грчките статистики, тие покажуваат дека ние имаме се поголем трговски суфицит со вашата земја, а пак според вашата статистика, и вие имате трговски суфицит со Грција.“

Тој додава дека најдобро нешто што може да се случи во економските односи на две земји да престанат да се мешаат со политиката и да не се користат како оружје.

Но, и хипотетички гледно доколку проблемот со името се реши, не може да се знае точно дека ќе има економска експанзија, вели асистент професор Власис Власидис.

Според економските анализи, Грција е еден од најголемите инвеститори и трговски партнери на Македонија.

Аналитичарот Кристијан Ристевски вели дека најголем пазар за македонскиот челик и железо е Грција.

„Грчкиот пазар претставува 60 отсто од вкупниот извоз, значи навистина е голем процент.“
Грчкиот пазар претставува 60 отсто од вкупниот извоз, значи навистина е голем процент.

Економистот Борче Треновски вели дека најголемите грчки инвестиции во земјава се направени до 2003 година, по тој период следува само реинвестирање на добивката. Тој во наредниов период, поради лошата економска состојба на Грција, вели дека ќе може да се очекува незначителен прилив на акционен капитал.

„Драстично се намалува реинвестираната добивка, а се зголемила исплатата на дивиденти, како што се покажа, исплатата на дивиденти како и останатиот капитал во кој спаѓаат кредитните односи значи се привлекувале околу 76 милиони евра преку дивиденти исплатено кај нашиот сосед во Грција.“

Професор Никос смета дека грчката криза единствено може да влијае врз македонската економија само со стагнација.

„Има проблем во вашата економија, по мое мислење. Тоа е проблем на многу мала диверзивикација. Ако зборуваме историски и ги земеме вашите пет најголеми трговски партнери, ќе видиме дека 80 отсто од вашите стоки ги тргувате со само пет држави. Тоа значи дека ако една или две од тие држави имаат проблем и вие имате проблем. Ова е задача за креаторите на политиките, да направат диверзивикација на повеќе трговски цели и дадат опции“, изјави Никос.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG