Достапни линкови

Ваши коментари


Нашите слушатели со поделени мислења по најновото прашање во рубриката Хајд парк: Дали треба да се забрани абортусот?

Имаме ново прашање во нашиот Хајд парк: Дали треба да се забрани абортусот во Македонија?

Владо од Скопје не верува дека со забрани може да се постигне нешто и смета дека Владата треба да се фокусира врз подобрување на економската состојба. А нашиот секогаш шегобијно-иронично расположен Џони од Валандово виспрено потсетува дека во Aнтичка Македонија немало абортус, а имало деца, а сега има абортус, а децата бегаат од Aнтичка Македонија во Вавилонска Европа. Со кого, прашува Џони, да команда Грујо? Ако нема деца, нема фаланга, ако нема фаланга, нема Хунзи и Грујо плаче, затоа Македонки раѓајте за да не е несреќен Грујо, повикува Џони во пораката.

Граѓаните многу повеќе ги поттикнува на испраќање коментари навестувањето дека А1 Телевизија
може да се затвори, ама како и многу повеќе да се загрижени за криминалот што се прави во државата, па и во телевизијата, иако уште недокажан, отколку можноста да се затвори еден медиум, со што почнува отворена цензура и директно се уништува најголемата демократска придобивка - слободата на говорот и на различното мислење. Слушател потпишан со 3Г од Ливерпул смета дека во земјава се нема демократска свест што, според него, за обичните граѓани донекаде и било разбирливо, ама не и за Црвенковски и другите кои, според слушателот, профитирале на наводната демократија. Слушателот смета дека Македонија е монархија владеена од СДСМ која ја поседувала материјалната моќ во државава, а дека ВМРО-ДПМНЕ само номинално-наемнички владеела, а дека повикувањето премиерот да интервенира да не се затвори телевизијата на осомничен било повик за нечесно дело.

И пораките од Петар, од Анонимниот, од Владо од Скопје и од Зоран од Кочани се против наводниот криминал на Рамковски. Дуќан од Пазар, меѓутоа, ги повикува граѓаните малку да кочат: Велија и неговите други фирми се една работа, ако не почитувал закон нека биде казнет, но на А1 не треба да и' се блокира сметката за да не може да работи. Само партиски слепци не можат да видат дека Грујо не трпи критики, пишува Дуќан, а Т.М. од Охрид ги повикува, како што пишува портокаловите слепци, да почнат да размислуваат со своја глава: не го бранам Велија, пишува Т.М. ама ме вади од такт што имаме народ со плиток ум и без свое јас - Дали е докажана вината и дали има доказ против Велија, а што е Скопје 2014? Најголемата пералница на пари со кои можевме да живееме како во Норвешка, пишува, покрај другото, слушателот од Охрид.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG