Достапни линкови

Дисперзирани студии без студенти?


На некои студиски програми од дисперзираните студии, нема запишано ниту еден студент. Власта го брани проектот, опозицијата обвинува дека е без план.

Дисперзираните студии се воведуваат без план и без претходно дефинирани критериуми, забележуваат од опозицијата. Од власта, од друга страна, велат дека допрва ќе се согледаат придобивките од дисперзираните студии. Над сево ова се поставува и прашањето дали во овие високообразовни студии само уписот е доволен за дипломирање?

За сега, евидентно е дека за одредени студиски програми на дисперзираните студии нема
Дисперзираните студии се направени без претходна анализа каков кадар и е потребен на Македонија и каде е потребно да има дисперзирани
студии.
интерес. Ниту еден бруцош не се запишал на градежништво во Крива Паланка, на геологија во Прилеп, на рударство во Скопје, на француски јазик во Дебар. Никој не се заинтересирал да студира ниту на двете студиски програми на Педагошкиот факултет, кој е дисперзиран во Дебар, а нема нови запишани ниту на студиите по процесно инженерство во Кичево. Власта ги отвори овие високообразовни институции без план и концепт, вели Славица Грковска од опозициската СДСМ:

„Дисперзираните студии се направени без претходна анализа каков кадар и е потребен на Македонија и каде е потребно да има дисперзирани студии.“
Ние се обидуваме преку сите методи и мерки да ги доближиме и овие студии поблиску до граѓаните и да овозможиме поголема вклученост на граѓаните во високообразовните установи за ваков тип на студии.

За дисперзираните студии има интерес, со исклучок на студиските програми за техничките науки, вели министерот за образование Никола Тодоров во интервју за Радио Слободна Европа.

„И тоа е генерално тренд и феномен кој што е и на Универзитети во Македонија, не на дисперзираните студии, значи на постојните Универзитети, но исто така тоа е феномен и во Европа и во светот. Така што од тој аспект ние се обидуваме преку сите методи и мерки да ги доближиме и овие студии поблиску до граѓаните и да овозможиме поголема вклученост на граѓаните во високообразовните установи за ваков тип на студии.“

Министерот за образование Никола Тодоров

Дали факултетите во помалите места се претворија во трафики за дипломи? Грковска одговара:

„Апсолутно, ние денеска сме сведоци на енормно голем број лесно стекнати дипломи што го намалува квалитетот на високото образование. Денеска не претставува престиж да се запишете на факултет, што од една страна можеби е добро заради исполнување на желбата на оние што сакаат да студираат, меѓутоа од друга страна тоа не значи дека треба да ’претрчуваат‘ низ факултетот.“

Веќе е утврдено дека за факултетите во помалите населени места е потребно подобрување на надзорот и контролата. Министерот Тодоров вели дека на тоа се работи:

„Потребни се построги критериуми и инструмени за евалуирање на квалитетот на целото високо образование, а не само на дисперзираните студии и во тој правец и се движиме. Јас пред некое време најавив 15-тина мерки кои што ќе бидат имплементирани со законот за високо образование“, вели Тодоров.
XS
SM
MD
LG