Достапни линкови

(Не)Развоен буџет?


Macedonia -- Shot of the Budget rebalance documents on a corkboard, 13Jul2010
Macedonia -- Shot of the Budget rebalance documents on a corkboard, 13Jul2010

За власта буџетот за наредната година е развоен, за опозицијата не е. Најмногу средства од народната каса се предвидуваат за социјални бенефиции.

Буџетот за 2011 година е домаќински, прилагоден и развоен. Ова е клучниот аргумент на власта со кој во Собранието го брани предложеното трошење на народните пари. Но, дали догодина парите на народот ќе се трошат за развојни цели? Пред да се разгледа овој аспект, едно прашање за публиката: Што ви значи развоен буџет? За оние од вас кои немаат одговор, следи
За да постои економски развој потребно е да се подобри квалитетот на животот од сите аспекти, како здравје, образование, инфраструктура. Доколку буџетот ги спомнува сите овие аспекти дека ќе биде развоен
објаснување од економскиот аналитичар на Центарот за економски анализи Шенај Џаџимустафа

,,За да постои економски развој потребно е да се подобри квалитетот на животот од сите аспекти, како здравје, образование, инфраструктура. Значи доколку сите тие аспекти се подобрат, тогаш имаме економски развој во една земја и може да се каже дека доколку буџетот ги спомнува сите овие аспекти дека ќе биде развоен."

Дали Буџетот е развоен? Власта вели да, опозицијата вели не. Пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов го презентира клучниот аргумент на неговата партија зошто предвиденото догодишно трошење на парите на народот не е развојно:

,,Во најголем дел се однесуваат пред се на изградба на административни згради, спортски сали, споменици и други објекти кои што по нивното
Во најголем дел се однесуваат пред се на изградба на административни згради, спортски сали, споменици и други објекти кои што по нивното завршување нема да бидат во функција на развој на македонската економија
завршување нема да бидат во функција на развој на македонската економија."

Што покажуваат бројките? Билансот на расходи на Буџетот за 2011 година е поделен во неколку категории: плати и надоместоци, стоки и услуги, капитални расходи и тн. По груба пресметка народните пари догодина најмногу ќе се даваат за социјални бенефиции, или поточно 29 проценти од давачките се за таа намена. На второ место на трошковната листа се стоки и услуги за кои ќе се трошат 22 отсто од народните пари, а на трето место се платите и надоместоците за кои ќе бидат потребни 14 проценти од Буџетот. Што е со развојните цели, или поточно давање пари за активности кои би го промениле животот на граѓаните ? За борбата со невработениоста, на пример, се одвојуваат 0.2 проценти од парите во народната каса, соопштуваат медиумите. Па од тука останува отворено прашањето дали буџетот за 2011, наместо развоен, всушност е социјален, наменет за неповратни социјални надоместоци, и плати како и стоки и услуги?
Дали новите градби ќе придонесат за подобрување на развојната компонента на народната каса?

Побитно прашање за бизнисмените во земјава е економскиот раст, кој меѓу другото, е условен и од полнењето на Буџетот. Спорно е како власта ќе го полни Буџетот догодина, смета бизнисменот Ристо Гуштеров.

,,Во земјите на ЕУ каде што Македонија е и најмногу поврзана со своето стопанство, не ќе повлечат економијата во Македонија да порасне за толку колку што владата најавува, така што и не ќе биде во можност да испумпа доволно средства за да го наполни очекуваниот буџет кој што го предлага."

вели Гуштеров.
XS
SM
MD
LG