Достапни линкови

Средба Груевски-Кантримен


Томас Кантримен
Томас Кантримен

Прашањето за името, евроатлантските интеграции, реформите теми на средбата меѓу премиерот Груевски и американскиот заменик државен секретар Томас Кантримен.

Кантримен се сретна со премиерот Груевски. Задоволен е од тоа како поминала првата средба. Вели дека имале добра и сериозна дискусија за стратешките односи меѓу Македонија и Соединетите Држави.

,,Имавме добра, пријателска и сериозна дискусија за целосниот опсег на нашата соработка околу стратегиското партнерство меѓу Македонија и Соединетите Држави."
Имавме добра, пријателска и сериозна дискусија за целосниот опсег на нашата соработка околу стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Држави


беше кратката изјава на Кантримен по средбата со Груевски. Од владата велат дека Кантримен и Премиерот Груевски разговарале за евроатланските интеграции на земјата како нејзини стратегиски цели, а не го заобиколиле ниту прашањето за името. Премиерот го информирал Кантримен за спроведените реформи и прогресот кој земјава го направила во одредени области.

Очекувања од посетата на Кантримен

Според експертите пак, присуството на Кантримен во земјава не треба да се сфати како последен обид на САД да издејствуваат некакво решение на спорот со името. Професорот Димитар Мирчев вели дека такво прашање не може да се реши кај нас, туку во други центри на моќ, но не негира дека посетата на Кантримен и неговите совети ќе бидат корисни.

,,Во секој случај една корисна посета за сите, разговорите што ќе ги има со нашите власти ќе бидат многу корисни за утврдување на позициите и веројатно тој ќе даде некаков објективен извештај за состојбите, но не верувам дека тоа ќе има влијание на напорите да се одблокира влезот на Македонија во НАТО."

изјави Мирчев.

Ке има ли наскоро нова средба Груевски - Папандреу
Неодамна Кантримен изјави дека Соединетите Држави со нетрпение очекуваат во блиска иднина Македонија да го надмине спорот со името, со што би се создале услови за членство во НАТО додавајќи дека САД ќе продолжат со соработката со Македонија за исполнување на целите за евро-атлантска интеграција на земјата. Тој исто така истакна дека програмата од Охридскиот Рамковен договор во голем дел е веќе имплементирана, но сепак претстои уште многу работа во подобрување на нејзината примена. Кантримен доаѓа во Македонија како дел од неговата регионална турнеја во која се вклучени посети на Белград, Подгорица, Тирана и Приштина. Тој е во прва дипломатска мисија во регионот, откако неодамна беше именуван за заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија. Кантримен на новата функција го наследи Стјуарт Џонс и важи за добар познавач на прашањето за името. Во периодот пред Самитот на НАТО во Букурешт, од 2005 до 2008 година беше заменик амбасадор на САД во Атина.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG