Достапни линкови

Обновување на камповите во Охрид


Охрид
Охрид

Ќе се подигнува нивото на камп туризмот на Охридско-Струшката ривиера со цел привлекување на странски туристи и влез во Европските кампинг каталози.

Седумте авто кампови кои на брегот на Охридското Езеро нудат можност за сместување на повеќе од 20 илјади туристи имаат убав природен потенцијал, местоположба и основни услови, но треба да претрпат големи измени во инфраструктурата и објектите за да се доближат до Европските и светски стандарди на кампинг туризмот. Ова е констатацијата на стручњаците од областа на еко туризмот од Европа, кои со нашите туристички промотори направија анализа на состојбата на камповите на Охридско-Струшкиот дел од ривиерата и договорија соработка за подигнување на нивото на камп туризмот кај нас, кој треба да влезе во Европските кампинг каталози.
Германските туристи, Холандските, Австриските и Швајцарските секогаш бараат нови дестинации за нивниот престој. Гледам дека до сега нема многу Германски туристи во Македонија и на Охридското Езеро. Сакаме да им помогнеме на сопствениците на камповите, да се подигне нивниот стандард, да направиме мрежа со заедничка стратегија за дестонациите на Западниот Балкан


,,Германските туристи, Холандските, Австриските и Швајцарските секогаш бараат нови дестинации за нивниот престој. Гледам дека до сега нема многу Германски туристи во Македонија и на Охридското Езеро. Сакаме да им помогнеме на сопствениците на камповите, да се подигне нивниот стандард, да направиме мрежа со заедничка стратегија за дестонациите на Западниот Балкан. Тука најдобри се камповите Ливадиште и Љубаништа, кои се издвојуваат со прекрасната природа, мир и недопрена природа, но нивото на сите мора да се подобрува, за што се потреби големи инвестиции во инфраструктурата, санитарните јазли, да има доволно тушеви, тоалети, да се одржува хигиената преку целата сезона, да се користи сончевата енергија и да се развива маркетингот, со акцент на интернет маркетингот кој со 80 до 90 проценти од туристите сега го користат за инфорамции, резервации и организирање на патувањата."

Вели Волфганг Фромер од Германската компанија "Екокампинг" што заедно со ГТЗ го посети Охридското крајбрежје и им понуди техничка и советодавна помош, низ обуки и саеми на нашите камп капацитети преку проект финансиран од Германската влада.

,,Во кампот "Ливадиште" не само што има расположение, туку веќе е инвестирано, сопственикот најави и нови инвестиции,што значи дека овој камп идната година ќе биде уште подобро среден и ќе има уште повеќе посетители. По оваа туристичка сезона што беше со послаби резултати, сопствениците и на другите кампови сватија дека без инвестиции не можат идната година да се надеваат на повеќе гости. Тие се заинтересирани за соработка со меѓународната асоцијација, со цел пред се да се едуцираат на кој начин треба да ги реновираат капацитетите за да влезат во каталогот на Европските кампови, со што може да ја подобрат и продажбата."

Вели Владо Суклоски од државната агенција за поддршка и промоција на туризмот со седиште во Струга,кој потенцира дека во ова динамично и урбано време во кое живееме, се повеќе туристите и се враќаат на природата, каде ги полнат батериите и бегаат од градскиот хаос, посебно ако им се нудат и екстремни возбудливи спортови и анимации, со што кампинг туризмот кој беше популарен во минатото и денес е доста атрактивен за гостите и исплатлив туристички сегмент.
XS
SM
MD
LG