Достапни линкови

Изложба на уметникот Драган Спасески-Охридски


Дело на уметникот Драган Спасески - Охридски
Дело на уметникот Драган Спасески - Охридски

Со околу 30 дела македонскиот уметник Драган Спасески - Охридски се претстави на изложбата во Подгорица пред црногорската публика.

Со изложба на 30 дела компјутерска графика од мега циклусот "Охридските ангели" и интерпретација на препевите на неговата хаику поезија, познатиот сликар и мултимедијален уметник Драган Спасески-Охридски, во Црногорската престолнина Подгорица учествуваше во прославата на Денот на Македонското востание - 11-ти октомври, во рамките претставувањето на Македонската уметност и култура. Оваа традиционална манифестација, што е резултат на соработката меѓу Македонско-Црногорското и Црногорско-Македонското друштво во двете земји, на која Охридски учествуваше втор пат предизвика голем интерес кај Црногорската политичка и културна јавност, со што се одржува блискоста меѓу двата народи.
Чествувањето на Македонската уметност за празникот симбол на Македонскиот идентитет е можност за секој наш уметник да се претстави во Црна Гора, а и можност за Црногорската уметност да се претстави во Македонија. Ова е само почеток и се надевам дека таа соработка ќе се продлабочи преку гостување на театрите, ликовната уметност и поезија во двете земји


,,Чествувањето на Македонската уметност за празникот симбол на Македонскиот идентитет е можност за секој наш уметник да се претстави во Црна Гора, а и можност за Црногорската уметност да се претстави во Македонија. Ова е само почеток и се надевам дека таа соработка ќе се продлабочи преку гостување на театрите, ликовната уметност и поезија во двете земји."

Вели Спасески, кој три децении твори во ликовната уметност, еволуирајќи од стилот на ренесансата, поради што критиката го нарекува Охридски Микеланџело или Леонардно, до современата компјутерска графика, што летово беше изложена во Охрид во рамките на славењето на 50 годишнината на Охридско Лето, кога беа промовирани и петте книги со неговата хаику поезија, со која авторот порачува дека и "Кој не се качил на врвот, не го допрел во себеси дното" и "Ако не можеш чесно да се насмевнеш, не потсмевај се"...

,,Тоа е компјутерска графика од мега проектот "Охридските ангели", што го работам повеќе од десет години . Се надевам дека наскоро пред Македонската и светска јавност ќе го обелоденам овој циклусот кој има свој почеток, но е со бесконечни можности за форми и бои. Што се однесува на хаику поезијата, секој наслов на некој начин истовремено е и хаику песна. Петте книги апсорбираат симболика на броевите, на елементите, во нив има космогониа, антроплогија, етика и естетика со допир во многу сфери на размислувањето. Сметам дека секој би се нашол барем во една од размислите во хаику песните."

Порачува Охридски, кој има интересна и необична животна приказна, како лекар ортопед кој се грижи за здравјето на луѓето и како неуморен уметник кој со голем сенс, длабока енергија и многустран талент постојано твори и се претставува кај нас и во странство.

,,Само од болката и револтот се раѓа уметноста. Кога човек како мене секој ден е во присуство на болката и револтот кон животот пред се, тоа е најсилниот темел за создавање на уметност. Значи трансформацијата на таа негативна енерегија во позитивна ја претставува точно уметноста. Јас се обидувам на некој начин да го изразам она што го чувствувам. Некогаш тоа е пишуваниот збор, а некогаш е визуелниот речник. Се надевам дека идната година Македонската јавност ќе има можност да го види проектот на моето архитектонско и дизајнерско изразување. Тоа ќе биде спој на архитектура, пишаниот збор и на ликовна уметност."

Вели уметникот Охридски, кој твори во Охрид, воздигнат од креативната енергија и духовност на неговото родно место, живеејќи во дом галеријата "Резонанса" преполна со уметност, поврзан со светот како глобално село. Тој им порачува на луѓето во ова тешко време на живеење, дека внатрешното сонце и сјај во нив и уметниците, треба да им биде стимул, мотив и инспирација во создавањето, наспроти кочниците во животот, што ги има многу, секогаш и сегде.
XS
SM
MD
LG