Достапни линкови

Бесправна сеча на шумите


Шумска полиција
Шумска полиција

Бесправната сеча на шумите во општините Дебар и Центар Жупа продолжува.

Бесправната сеча на шумите во општините Дебар и Центар Жупа продолжува да биде актуелна. И покрај тоа што во споредба со пред повеќе години во последно време оваа незаконска појава е намалена, но сепак за само седум месеци од оваа година се експлоатирани незаконски десетици кубици огревно дрво. Бесправната сеча особено е актуелна во шумите каде што шумската полиција и вработените во дебарската подружница на ,,Македонски шуми,, потешко го контролираат теренот.
Ние со шумарско чуварката служба беспрекорно контролираме, но проблеми наидуваат во делови каде не можеме да ги контролираме поради немање на доволно возила за такви терени. Во една таква состојба јасно е дека не може да контролираме сите селски шумски атари

,,И покрај тоа што видно е намалена бесправната сеча од страна на дрвокрадците, сепак појавата како таква е присутна. Таа појава е присутна во реоните на атарите на селата Броштица, Могорче, Новак, Аме ,Бањиште и во шумскиот предел над градот Дебар. Ние со шумарско чуварката служба беспрекорно контролираме, но проблеми наидуваат во делови каде не можеме да ги контролираме поради немање на доволно возила за такви терени. Во една таква состојба јасно е дека не може да контролираме сите селски шумски атари.“

истакнува раководителот на подружницата на ,,Македонски шуми ,, во Дебар Рами Лата. Лата подвлекува дека во последно време се зајакнати превентивните мерки за стопирање на појава на бесправната шумска сеча, а против 30 дрвокрадци откриени во моментот на извршување на незаконските дејствија поднесени се и соодветни пријави. Онаму каде што има оштетувана шума ,оваа подружница ќе врши пошумување заедно со другите атари каде пошумувањето е предвидено со програмата.

,,Ново пошумување ќе имаме во текот на месец октомври. Предвидени се да се пошумат со програмата 30 хектари. Инаку локациите каде ќе биде пошумувањето се Дренок и Јама, а се планира пошумување и на брегот на Дебарското езеро.“

Вели Лата. Бесправната сеча во последните години е мошне актуелна особено во шумскиот предел над градот Дебар. Претежно социјално загрозени семејства пред стартот на зимата но и за време на зимскиот период , бесправно сечат дрва за огрев за да си ги загреат своите домови. Оваа бесправна сеча се врши токму на терените каде до пред две декади имаше појава на силна ерозија на земјиштето. Сега по големите оштетувања на шумата која беше пошумена со акции на младите, повторно овој шумски предел може да има појава на ерозија, оценуваат надлежните институции.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG