Достапни линкови

Автократско владеење?


Мешањето во ингеренциите на другите власти, култ на личноста на Груевски, недостапност за одредени медиуми... дел од показателите дека во земјата има автократско владеење.

Градењето на култ на личноста кон премиерот Никола Груевски, недостапноста за одредени медиуми и вршители на јавни функции, градење на импознатни градби и враќање кон минатото, забрана на слободата на изразување, мешање во ингеренциите на другите власти, орцнување на политичкиот противник се дел од показателите дека во земјата има автократко владеење, сметаат дел од експертите. За други пак состојбите во Македонија не се многу поразлични од земјите каде има развиена демократија. Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека сепак ние не сме развиена демократија за да граѓаните можат да ги анализираат работите објективно.

Станува збор за нарушување на основните човекови слободи и права, ако не на основните човекови слободи и права, тогаш на граѓанските и политичките. Втор елемент е доколку има притисок врз медиумската свера, врз протокот на информации, врз слободата на изразување, говор и мислење.
„Голем број на граѓани не можат ни да ја раздвојат реалноста од некои работи кои се резултат на таа медиумска кампања. Тие тенденции не се многу долгорочни, така што освествувањето кај граѓаните, ќе се случи рапидно.“

На нашата интернет страница, на анкетата за тоа како го оценуваат владеењето на премиерот Груевски, повеќе од 60 проценти гласале дека владеењето е автократско, повеќе од 30 проценти оцениле дека е демократско, а близу 7 проценти не знаат какво владеење е тоа.

Премиерот Никола Груевски - автократ или демократ

Политикологот Владимир Мисев вели дека самите концепти на демократско и на авторитарно владеење се премногу широки. Мисев вели дека и во лулките на демократија како Соединетите Држави, Велика Британија и Франција може да се забележат елементи на автократско владеење.

„Станува збор за нарушување на основните човекови слободи и права, ако не на основните човекови слободи и права, тогаш на граѓанските и политичките. Втор елемент е доколку има притисок врз медиумската сфера, врз протокот на информации, врз слободата на изразување, говор и мислење, исто така би била интервенцијата на некоја од властите, без разлика дали е тоа на извршната, законодавната или судската власт, мешањето во работата една во друга“, ги објаснува Мисев главните обележја на автократското владеење.

А во врска со методите со кои се служи владеачката партија, има контрадикторности и во изјавите на медиумите и во очекувањата од граѓаните:

„Ако од една страна велиме дека немаат пристап дури и директори на јавни претпријатија до премиерот или до одредени министри, од друга страна многу често беа обвинувани на почетокот од своето владеење за широк и општ популизам“, вели Мисев.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG