Достапни линкови

Дневен престој во кумановските училишта


Основно училиште во регионот на Куманово
Основно училиште во регионот на Куманово

Во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово веќе започна функционирањето на проектот за целодневен престој на основците од првото одделение, чии што родители се вработени.

Ова е согласно со програмата на Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат, бидејќи кумановските градинки се пребукирани и голем број деца остануваат незгрижени. Според директорот Миле Јордановски новоотворениот и современо опремениот Целодневен престој не е конкуренција на градинките, бидејќи и цената од илјада и 800 денари месечно е повисока од онаа во градинките.

„Увидовме дека родителите на учениците се повеќе време на работа, отколку што децата се ангажирани во училиштето. Тоа е еден од мотивите за отворање на Целодневниот престој. За почеток имаме сместено 28 ученици, но сметам дека и останатите училишта во
Увидовме дека родителите на учениците се повеќе време на работа, отколку што децата се ангажирани во училиштето. Тоа е еден од мотивите за отворање на Целодневниот престој
Општината Куманово ќе го следат нашиот пример.“

Вели Јордановски и додава дека е адаптирана нова просторија, која е и современо опремена.

„Организирана е и исхрана, појадок, ужина и ручек. Направени се договори со фирмите од Скопје како што тоа е организирано и во скопските училишта.“

Тој објаснува дека во Целодневниот престој за анимирање на децата има тв приемник,двд,и друга неопходна опрема за нивната социјализација,бидејќи на оваа возраст децата немаат домашни задачи.
Бранкица Додевска одделенски наставник вели дека ваквиот начин на згрижување на децата е од голема помош за нивните родители.

„Им помага на децата да поминат некој дел од денот додека нивните родители се на работа. Активностите се во склопот со воспитно образвовните задачи што ќе се изведуваат во редовната настава.“

Смета Додевска.
Градоначалникот Зоран Дамјановски најави отворање ваков Целодневен престој и во Основото училиште „Крсте Мисирков“, а и останатите училишта во градот планираат да започнат со реализација на ваков или сличен проект.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG