Достапни линкови

Банките не ги намалуваат каматите


Зградата на Народна Банка на Македонија
Зградата на Народна Банка на Македонија

Комерцијалните банки за сега не ги следат сигналите од Народната банка која од неодамна ги намали референтните каматни стапки.

Експертите посочуваат дека одлуката на НБРМ не е обврзувачка за комерцијалните банки. Професорот на штипскиот Економски факултет Крсте Шајновски вели дека комерцијалните банки самостојно одлучуваат дали и кога да ги намалуваат каматните стапки:
Mислам дека таквата деловна политика на комерцијалните банки се должи пред се на високите каматни стапки на благајничките записи


,,Во овој случај гледаме дека и покрај намалувањето на каматната стапка од страна на Централната банка, комерцијалните банки сеуште барем сега за сега не се одлучуваат да го следат тој потег и мислам дека таквата деловна политика на комерцијалните банки се должи пред се на високите каматни стапки на благајничките записи што значи дека сеуште на комерцијалните банки повеќе им одговара своите парични средства да ги пласираат во благајнички записи отколку истите да ги прават интересни и атрактивни за пласирање во населението или кај правните субјекти.“

На одлуките на комерцијалните банки за каматите влијае и задолжителната резерва која централната банка ја бара од нив, појаснува Шајновски:
Меѓутоа имаме евидентна ситуација да деловните банки не ги следат сега за сега со оваа динамика, сигналите на Народна банка, што значи сеуште имаме рестриктивна кредитна активност, доста ригорозен однос од страна на банките, каматите се доста високи

,,Високиот процент на задолжителна резерва што го определува Народната банка исто така влијае на одлуката на комерцијалните банки дали ќе дојде до намалување на каматните стапки или не. Секако дека доколку се оди кон тоа дека комерцијалните банки треба да ги намалат каматните стапки неопходно ќе биде и намалување на процентот на задолжителна резерва од страна на Народните банки, бидејќи сепак тоа се пари што ги зафаќа Народната банка, односно кои ги одвојува од Комерцијалните банки, а потоа на тие средства комерцијалните банки не добиваат приноси.“

Одлуката на централната банка за намалуивање на референтните каматни стапки е сигнал кој НБРМ го праќа до комерцијалните банки за подобрување на бизнис климата, смета извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов:

,,Меѓутоа имаме евидентна ситуација да деловните банки не ги следат сега за сега со оваа динамика, сигналите на Народна банка, што значи сеуште имаме рестриктивна кредитна активност, доста ригорозен однос од страна на банките, каматите се доста високи.“

Недостапноста до пари за фирмите предизвикува проблеми и во тековното работење и во создавањето на нови проекти, додава Алексов:

,,Значи одредена каматна стапка меѓу 10 и 12% сметаат нашите членки дека е релативно висока и за одредени обрт средства бидејќи не се сигурни дали тоа ќе може да го вратат.“

Гувернерот на Народната банка Петар Гошев изјави дека девизните резерви се солидни и намалувањето на каматната стапка се прави со цел подобрување на кредитната активност.
XS
SM
MD
LG