Достапни линкови

Реформите тапкаат во место


Пред состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, експертите оценуваат дека курсот на реформите е во статус кво ситуација.

Стаус кво - вака експертите го оценуваат курсот на реформите во Македонија, кои ќе бидат разгледувани на седмиот состанок на Советот за Стабилизација и Асоцијација меѓу земјава и Европската унија. Македонија од Брисел доби задача да ја подобри сликата во администрацијата, да го реши проблемот со партиските вработувања, судството, да овозможи поголема вклученост на етничките заедници, како и подобра парламентарна координација и надминување на проблемите во енергетскиот сектор. Од Европската унија еднаш веќе добивме негативни критики за поставените критериуми. Тие мора да бидат исполнети за да добиеме позитивен извештај и датум за преговори, вели професорот Ивица Јосифовиќ:
Многу, многу не гледам некои подобрувања односно забелешките ќе бидат исти. Реформа во јавна администрација мора да се забрза, борба против корупција мора да се зајакне, реформи во судството исто така мора да се зајакне и битно, она што мислам дека ЕУ ќе го потенцира е политичкиот дијалог да биде на повисоко ниво, бидејќи во последно време
недостасува.


„Многу, многу не гледам некои подобрувања односно забелешките ќе бидат исти. Реформа во јавна администрација мора да се забрза, борба против корупција мора да се зајакне, реформи во судството исто така мора да се зајакне и битно, она што мислам дека ЕУ ќе го потенцира е политичкиот дијалог да биде на повисоко ниво, бидејќи во последно време недостасува.“

И професорот Осман Кадриу вели дека се уште не се решаваат проблемите во оние сфери за кои добиваме сериозни забелешки:

Македонија во ЕУ, ЕУ во Македонија

„Реформите во судството се уште не можеме да речеме дека се остварени, мито и корупција, организираниот криминал, се уште се појави кои заземаат загрижувачки размери. Во однос на политичкиот дијалог сметам дека нема некои подобрувања.“

Јосифовиќ вели Унијата не очекува реформите веднаш да бидат исполнети туку бара до Македонија продолжување на нивниот тек. Реформите застанаа во место поради спорот со името со Грција, вели тој.

„Нормално е дека ние треба да покажеме малку подобра волја за подборување на тие реформи, меѓутоа дека ние не сме расипале нешто, не сме расипале. Ние многу повеќе се фокусиравме на оној процес на решавање на името, што не доведе до назадување до нашата европска интеграција, меѓутоа ги стави во место реформите.“

Претставниците на меѓународната заедница како и експертите неколку пати и порачаа на владата да продолжи со исполнувањето на реформите и тоа со забрзан интензитет, ако сака земјата да добие позитивен извештај, кој нема да ја расипе минатогодишната препорака за почеток на преговори за членство во унијата.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG