Достапни линкови

Невремето го уништи родот


Земјоделци од прилепското село Канатларци
Земјоделци од прилепското село Канатларци

Невремето проследено со град ги уништи посевите во прилепското село Канатларци. Земјоделците стравуваат за егзистенцијата.

Триесетгодишиот Муса Саликоски од прилепското село Канатларци стравува дека годинава, неговото 10-члено семејство ќе остане без егзистенција, зашто целиот род им остана по нивите. Во невремето проследено со град му се уништени 18 хектари со жито, пченка, бостан, градинарски култури и речиси половина од тутунот. А, вели живеат само од земјоделство. Во куќата никој не е вработен, од утро до мрак се мачат по нивите, без помош од државата се трудат да преживеат.
Имам овде околу 50 декари тутун,најмалку имам 18 декари оштетно овде, во бостанот 20 декари имам сиот оштетен, пиперки 6 декари и тие насадени, жито, 18 хектари; жито, бостан,тутун...најмалку 20.000 евра има штета во нив.


„Јас имам овде околу 50 декари тутун, најмалку имам 18 декари оштетно овде, во бостанот 20 декари имам сиот оштетен, пиперки 6 декари и тие насадени, жито 18 хектари; жито, бостан, тутун... најмалку 20.000 евра има штета во нив... Сега што ќе остане тоа, тие ќе работиме, тутунот партал-не е, тие ќе збираме.“

Големи се штетите и на Муса Мустафоски. И тие се 10-члено семејство. Мустафоски вели не знае сега кој крај да го фати, без пари, без помош од државата, а се што имале вложиле во нивите и насадите со надеж дека ќе имаат богат род.

Уништени посеви

„Имаме некаде 24 декари ми е сто посто поништен, се гледа на виделина. Си велам дека некаде ми е најмалку од 8.000 евра не сум долу од штетата што ми е направена...а, сега чекаме под ведро небо, од ова живееме, не сме никаде вработени...цела фамилија 11 души од тутунот и бостанот..бостанот ништо не е останат, целата водата е изнесен надвор од излевата, корењето.“

Но, не само овие луѓе најголем дел од околу 2000 жители на Канатларци се соочуваат со штетите од невремето. По минатогодишните лоши искуства, овој пат одлучиле да не го осигуруваат родот, зашто условите што им се нудат велат се крајно неповолни.

„Викаат сите да се осигурува, осигурувавме лани, оломнани, повеќе пари даваме што го осигуруваме, а малку земаме од државата.“

„Лани осигуравме еден хектар не кошташе 14.000 а, зедовме 8000 денари и немам сметка да го осигурам тутунот, пошто тие вложените пари не можам да си ги вратам. И никаква финансии немаме,помош, поддршка никаква од државата.“

„Од државата бараме од Груевски да ни помогне нешто“, реагираат жителите на Канатларци.

Тие ги пријавија штетите во прилепската локална самоуправа. Очекуваат државата да ги обештети, што побргу да им ги исплати средствата. Во спротивно велат не знаат како ќе живеат.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG