Достапни линкови

Каде ќе летуваат пратениците?


Грција и Охрид се дестинации што пратениците ги избираат за одмор. Скромни се во плановите и велат нема да трошат многу.

Пратениците се уште чекаат Претседателот на Собрание, Трајко Вељаноски да ги пушти на одмор. И опозицијата и власта се согласни во едно, мир и тишина им е неопходно по расправиите во собранието. Скромни во плановите, дел од пратениците велат дека ќе потрошат малку пари и најверојатно ќе останат во земјава. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева
Која дестинација за одмор ќе ја изберат пратениците?
вели дека поради обврските, често е приморана да го прекинува одморот, па годинава најголема желба и е да помине една недела
Додека беа визите за Република Македонија ниту еднаш не ја поминав границата на Република Грција, а бидејќи во 1975 година се запознавме на плажа во Грција, имавме намера откако ќе падне визниот режим да отидеме на таа
плажа.
подалеку од собранието во придружба на своето семејство. Таа додава дека една од желбите и е да се потсети на на првиот романтичен состанок со нејзиниот сопруг.

„Додека беа визите за Република Македонија ниту еднаш не ја поминав границата на Република Грција, а бидејќи во 1975 година се запознавме на плажа во Грција, имавме намера откако ќе падне визниот режим да отидеме на таа плажа, на тоа место, заедно со нашите деца.“

Цветанка Иванова од СДСМ вели дека по сите случувања во Собранието и е потребна една недела да се опушти со своите внуци, како што вели Охрид не и бега. Но, дестинација за одмор од соништата е Куба.

,,Добро е сега да се види Куба во овој период од нејзиниот општествен стадиум, заради општественото уредување и судирот на новото и старото време, заради многу работи и секако заради морето.“
За мене идеална дестинација во овие жешки денови е секако Маврово, во семејната куќа или можеби во Охрид, но не ја исклучувам и
Грција.


Џеват Адеми од ДУИ вели дека годинава нема да оди на одмор поради обврски во партијата. Тој додава дека кога би имал слободно време би прошетал до Турција.

„Јас сум практичен човек, не размислувам за недостижни нешта. Сепак тука околу нас има убави места и убави плажи. Кога би имал слободно време би отишол најверојатно Саранда или зошто да не и турско крајбрежје.“

Горан Мисовски од НСДП вели дека не сака многу да патува подалеку од регионот затоа што и во околината може да се ужива во убавината.

„За мене идеална дестинација во овие жешки денови е секако Маврово, во семејната куќа или можеби во Охрид, но не ја исклучувам и Грција како потенцијална дестинација.“

Дел од пратениците сметаат дека парите не се пресудни за да се помине добар одмор. Иванова вели дека и со помалку пари може да се помине добро. Мисовски, пак, вели дека за одмор во соседните земји потребни се најмалку 700-тини евра. Нивниот колега Адеми не е знае колку чини одмор затоа што сметка за тоа води неговата сопругата.

Градска плажа во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:50 0:00
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG