Достапни линкови

Правична застапеност или превработување?


Амбасадорот Хозе Луис Хереро и вицепремиерот задолжен за рамковен договор Абдулаќим Адеми
Амбасадорот Хозе Луис Хереро и вицепремиерот задолжен за рамковен договор Абдулаќим Адеми

ОБСЕ со порака дека не е добра идеjа превработувањето во јавната администрација за запазување на правичната застапеност

Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор денеска ја одржа последната петта обука на државните службеници. На презентацијата се обратија вицепремиерот задолжен за спроведување на Охридскиот договор Абдулаќим Адеми и шефот на Мисијата на ОБСЕ Хозе Луис Хереро.

Еднаква застапеност на етничките заедници во јавната администрација или преоптеретување на ова тело со државни службеници? Kако да се одвива вработувањето по принцип на компетиција и квалификации со запазување на правичната застапеност? Во било која земја каде се применува принципот на правична застапеност на етничките заедници, вработувањето на државни службеници е комплексен процес, смета амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Хозе Луис Хереро:
Секако дека првиот проблем, контрадикција, доаѓа помеѓу потребата на правнична застапеност и позициите, местото, потребата во институциите.


„Секако дека првиот проблем, контрадикција, доаѓа помеѓу потребата на правнична застапеност и позициите, местото, потребата во институциите. Значи, дилемата е дали имате натпревар, отворен конкурс за сите, или пак има определена компонента која што има предност при вработување на тие места кои што се слободни во јавната администрација.“

Хереро додава дека инфлацијата на вработувањата во јавната администрација со цел да се запази принципот на правична застапеност, не е добра идеја:

Прослава на осум годишнината од Охридскиот Рамковен Договор во Маврово

„Секако постои можност да се направи инфлација, зголемување на премногу голема вработеност, со цел да се задоволат потребите на сите тие заеднички компоненти, претставници на различни групи. И одговорот е многу директен, ова не е многу
Секако постои можност да се направи инфлација, зголемување на премногу голема вработеност, со цел да се задоволат потребите на сите тие заеднички компоненти, претставници на различни групи. И одговорот е многу директен, ова не е многу добра идеја.
добра идеја.“

Но, дали сево ова се имплементира во Република Македонија? Ова е суверена земја, потсетува амбасадорот на ОБСЕ:

„Одговорот на мисијата на ОБСЕ е дека ова секако е суверена земја и она што ние го правиме е многу мала компонента, и секако останува на вас да вие правилно се димензионирате во тој контекст.“

Вицепремиерот задолжен за имплементацијата на Рамковниот договор Абдулаким Адеми вели дека денешната обука во Владата е со цел да ги запознае новопримените државни службеници со јавната администрација во Македонија:

„Оваа денешна активност е со цел да ги запознае државните службеници со духот на државната администрација, со одговорностите на државната администрација, со професионалните критериуми.“

За во иднина, вицепремиерот најави и имплементација на дополнителни програми за правична застапеност на припадници не само од албанската туку и од ромската, турската и другите етнички заедници во Република Македонија.
XS
SM
MD
LG